Ја имам слушнато дека цената на плинот од Септември ќе биде дупло зголемена околу 50 ден. ќе изнесува зашто била многу ефтина и многу се вози и гужва се ствара а тоа доведува до глобално затоплување. Башка ќе има и нов данок ќе ги даноча плинашите на регистрација.
Истото и јас го слушнав пред два дена од пријател што работи во Министерство за Транспорт и Врски.
Цената на плинот ќе се качи значително и истата ќе биде регулирана од Регулаторна комисија или некој компатибилен ново измислен орган или надзорно тело. Имено на цената на плинот ќе му залепат најверојатно повисока акциза (незнам дали има акциза плинот моментално).
При регистрација ќе воведат давачка некоја која незнам како ќе биде дефинирана и која ќе ги опфаќа сите возила што имаат адаптиран систем за гориво кој отстапува од оној со кој возилото излегло од фабрика.
Морам да кажам дека информациите се неофицијални и ми ги кажаа "другарски" и би ги земал со доза на резервираност во вистинитоста. Но бидејќи народната поговорка вели - Каде има дим, таму има и оган и знаејќи ја дупката што ја имаме во буџетот, нема да бидам изненаден ако ова излезе вистинито.
Народната - "Каде има дим, таму има оган", може да ја смениме во клаберската "Каде има дим, таму има TDI собир".