Октанската вредност означува отпорност на самозапалување. Не е еквивалент на енергетската вредност на горивото.
Еден од најчестите начини на зголемување на октанската вредност е додавање етанол во горивото, кое има доста ниска енергетска вредност.
Ако возилото не знае да ја искористи зголемената октанска вредност, тогаш може само да изгуби на снага со вакво гориво.
Ако возилото знае да го адвансира палењето спрема октанската вредност, тогаш ќе добие на снага.
Секако, најдобро е октанската вредност да биде резултат на чист процес на деривација во рафинерија, без додавање адитиви, тогаш ќе имаат бенефит и колите со компјутери што знаат и оние што не знаат да се адаптираат.
Катализаторот не страда од гориво со повисока октанска вредност, други фактори се во прашање, најчесто несоодветно согорување (несогорено гориво во издувниот систем или превисока температура поради сиромашна смеша на согорување), како и механичко оштетување. Никаде не е спомната октанската вредност како фактор за долговечноста на катализаторот.
Еве тука неколку причини кои доведуваат до уништувње на катализаторот:
http://www.bobsmuffler.com/reasons_for_a_converter_failure.htmBTW, на плинашите (кога веќе ги спомнавте) често имаат проблем со каталзиаторите затоа што имаат повисока температура на издувните гасови, што ги оштетува ќерамичките ќелии.
Еве како различни коли се однесуваат со 95-ка (Supermarket Regular) вс 98 (BP Ultimate) и 100ка (Shell Optimax) горивa.