Поскапувањето на нафтата е светски тренд, било тоа америчка, или сортата брент и ние или регулаторна комисија тоа само го следи и прави калкулации секои 2 недели, што е во ред . Тоа ние како македонија сме како капка вода во морето во споредба со другите држави потрошувачи. Е сега што сакам да кажам- во 2014 година во Македонија се трошело одприлика 400.000.000 литри нафтени деривати од кои 110.000.000 бензин, + 30.000.000 гас. Грубо ќе пресметувам: 400.000.000 литри * 30 евра акцизи (иако знам дека се разликуват акцизите за бензин, дизел, екстра лесно, гас, и др.) =1.200.000.000 евра што кажува дека буџетската каса 50 % се полни од акцизите на нафтата. Ако продолжеше да биде таа претходна цена на нафтените деривати, имаше интенца уште повеќе да се потроши нафта и нафтени деривати, т.е повеќе литража ќе се продаваше а тука ќарот на државата ќе беше неизбежлив бидејќи акцизата по литар нафта, бензин или друг дериват согласно законските прописи е непроменлива, така да јас се сложувам со калкулациите од некои членови и од регулаторна, но не се сложувам за нелогичната и камуфлажната политика која се води во ова поле од страна на државата.....бидејќи стандардот на народот секој ден паѓа на надолна линија, власта гради глупости насекаде, инвестира со кредити со незнам колкави каматни стапки , а ние? е нам ни останува да кршиме заби и прсти по комјутериве правејќи калкулации ....ех која беда сме стигнале
