Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1412702 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Цена на горива
« Одговори #6630 на: 29 Јануари 2015, 22:53:17 pm »
Марио пак си грешка ;) За да биде бензиската во загуба треба да има намалување од најмалку три денари за да му дојде литрото да го продава на позитивна нула ;) И да, се знае колку е дневната потрошувачка па така со 2+2 математика набавуваат точно колку што им треба нормално со минимални исклучоци.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Цена на горива
« Одговори #6631 на: 29 Јануари 2015, 22:54:03 pm »
Кај нас секогаш со задоцнување се менува цената. Се чека одреден период да се продаде најголем дел од тоа што е набавено, па потоа се менува цената.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Цена на горива
« Одговори #6632 на: 29 Јануари 2015, 22:59:06 pm »
Каде тоа Васил? По закон мораат да ги сменат цените и несмее да има повисоки цени од максимално пропишаните од регулаторната комисија, сето тоа во денот кога стапува одлуката.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Цена на горива
« Одговори #6633 на: 29 Јануари 2015, 23:01:38 pm »
Регулаторна касни со измените.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Цена на горива
« Одговори #6634 на: 29 Јануари 2015, 23:04:28 pm »
Регулаторна дава официјална одлука секој втор работен понеделник околу 12:00 часот а одлуката стапува на сила вторник во 00:00 часот, каде виде каснење?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Цена на горива
« Одговори #6635 на: 29 Јануари 2015, 23:21:28 pm »
Не го кажав тоа како негативна работа. Така би требало да функционира Регулаторна.

Можеби грешам, но имам впечаток дека секогаш промената на цената кај нас доцни една до две недели. Доцни и кога се качуваат и кога паѓаат цените.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2791
Одг: Цена на горива
« Одговори #6636 на: 30 Јануари 2015, 00:37:28 am »
Не доцни, туку е едноставно просек од тие две недели. Неизводливо е денес ако падне цената на нафтата, довечер да ја спуштат и регулаторна.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Цена на горива
« Одговори #6637 на: 30 Јануари 2015, 01:16:20 am »
Не доцни, туку е едноставно просек од тие две недели. Неизводливо е денес ако падне цената на нафтата, довечер да ја спуштат и регулаторна.

васил сакаше да каже, дека просекот за промена на цена, касни за 2 недели... и јас сакав да го кажам, дека го имам тоа чуство дека намерно прават така заради штитење на гигантите кои набавуваат огромни количини на горива...

значи поената на овој (бош) муабет е дека, одлукава што ја донела регулаторна сега во понеделникот, требало да ја донесе пред 2 недели.. таа од пред 2 недели требало пред 4 и така наназад од самиот почето на турбуленциите со цените... некако како намерно да се остава простор да ја потрошат залихата на поскапото купено гориво, пред да им одредат намалување...

но, можеби и грешам... реков, само има чуство дека е така, а плус и повеќе луге го имаат посочено овој момент.. но реално опипливи докази за истото нема... и неможеш да докажеш никако...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2791
Одг: Цена на горива
« Одговори #6638 на: 30 Јануари 2015, 01:24:58 am »
Епа има докази и може да се докаже, нареден пат кога регулаторна ке ке објави цена, објавува и која била цената на суровата нафта ВО ИЗМИНАТИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ, па ти фино лепо можеш да се закачиш на некој сајт за трговија со нафта и да извадиш просек од цените на нафтата. Просекот се пресметува спрема цената на затварањето на берзата, т.е. последната цена за тој ден. Аман луѓе, разберете дека на владата и е сеедно колку е барел нафта, они си ги вадат истите пари! Стварно најмалку двапати имам пишувано тука детално и со слики и со графици од форекс за цената, ама џабе.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Цена на горива
« Одговори #6639 на: 30 Јануари 2015, 01:27:29 am »
џабе... народот нема верба. ке седне да се иссере на шоља, да се олесни и кога ке стане ке провери дали се иссрал, за секој случај, пошто ни во сопствениот гз више не верува...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6505
Одг: Цена на горива
« Одговори #6640 на: 30 Јануари 2015, 07:33:56 am »
Па преку тасета ако народот нема верба. И нема да има се додека џаболебари како владата ја пресметува цената, кога можеш да седнеш во недела навечер и за 10 минути максимум да пресметаш  каква ќе биде цената на горивата со многу голема веројатност.
Не доцни, туку е едноставно просек од тие две недели. Неизводливо е денес ако падне цената на нафтата, довечер да ја спуштат и регулаторна.
но, можеби и грешам... реков, само има чуство дека е така, а плус и повеќе луге го имаат посочено овој момент.. но реално опипливи докази за истото нема... и неможеш да докажеш никако...
Многу погрешно чувство имаш. Неможеш да докажеш затоа што докази не постојат. Заклучокот е дека твоето чувство и чувствата на многу луѓе е лажно чувство.

 
Стварно убаво објаснето, ама за жал не е тоа реалната слика. Ако беше однос на побарувачка и потрошувачка ке имаше слободен пазар и секој ке си произведуваше колку сака и ке си ја пласираше акде сака и по која цена и во која сака валута. Вака, утре на ОПЕК може да им текне дека ке го преполоват производството без да се намали побарувачката и што правиме? Ке речат, нашите вредни луѓе заслужуваат повеќе одмор и одсега ке работиме само во две смени наместо во три.
Грешка си. Реалната слика е таа што ја појаснив.  Токму тоа пласирање на производот и цената се води од тоа колку ти имаш да понудиш и колку твојот производ има побарување. Јас ако сакам како држава ќе ја продавам нафтата по 100 долари од барел ама која е таа будала да ја купи нафтата по таа цена. Следствено на тоа цената е таква како што е денеска. Цената не падна зашто ЕУ и Америка сакаат да и наштета на Русија поради проблемиве во Украина или такви некои си прости муабети. Многу е едноставно да се сфати. С. Арабија ја заболе дали со нивната одлука да не го намали производство на нафта ќе и наштети на Русија или Венецуела. Секој си има свој интерес и тоа е тоа.

Инаку мое видување е дека со последнава одлука на Европската Централна Банка да купи државни обврзници од банки ќе значи повеќе пари во економијата и би очекувал во оваа година цената на нафтата заради тоа да биде да се качи ама не на исто ниво како што беше до пред Ноември 2014. Нормално ако не ескалира ситуацијава во Украина и не се најде решение наскоро.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43931
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #6641 на: 30 Јануари 2015, 07:54:56 am »
С. Арабија ја заболе дали со нивната одлука да не го намали производство на нафта ќе и наштети на Русија или Венецуела. Секој си има свој интерес и тоа е тоа.


OPEC е создаден баш за тоа, да се задоволат интересите на повеќето производители. Да биде задоволна и Венецуела и Русија и С. Арабија. Ако цената е, да речеме100$, Тогаш на С. Арабија 1 барел и` се плаќа 5 пати над цената, а и производството во Венецуела е рентабилно. Сега, Венецуела ќе затвори дуќанот и куп други. Останатите ќе престанат да инвестираат во пронаоѓање на други извори и бушотини, бидејќи не е исплатливо со овие цени, и на крајот, пак ќе дојде време кога изворите во С. Арабија нема да ги задоволат потребите на глобалниот пазар. И оп, ете ти пак раст на цени, побарувачката ќе ја надмине понудата и 200$ Барел :) Тогаш Венецуела и другите помалку рентабилни изворишта, пак ќе ги отворат дуќаните. Е, за да не биде таква „падни-стани“ ситуација, која не е поволна за глобалната економија OPEC кажува колкава ќе биде понудата на пазарот, и колку барели дневно ќе се пласираат на пазарот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6505
Одг: Цена на горива
« Одговори #6642 на: 30 Јануари 2015, 08:24:49 am »
Не е возможно да се задоволат интересите на сите, бар се надевам дека тоа на сите ни е јасно. Утопија или комунизам видовме колку е ефикасен. Е сега е време на капитализмот да се види до каде ќе истера :) Во случај во ноември-декември С. Арабија и Иран се согласеа за намалување на производството тоа за нив ќе значи ист или помал пазарен удел. Па тогаш ќе ги колневме Русија и Венецуела какви педери се и заради нив цената е 75 денари за литар гориво. Нивната цел (на С. Арабија и Иран) е да се зголеми нивниот удел и ова беше единствениот начин да го направат тоа.

И нормално како што самиот кажа а и самиот верувам дека во блиска иднина цената ќе има благо качување. За 200 долари не би шпекулирал ама ќе видиме, времето ќе си покаже :). A OPEC  ти е составена од овие држави и неможе да кажува колкава ќе биде. Како институција они може да сугерираат, да има состаноци се со цел на една нормална/умерена цена на нафтата во споредба со глобалната економија. Но и како во 2008 поради алчноста на финансиските институции во САД и огромниот скок и пад во рок од неколку месеци како и сега поради одлуките на С. Арабија и Иран, ОПЕК или било која друга релевантна институција нема можности за големи маневри. Како глобализирано општество сите зависиме едни од други и нема бегање. Можеби за 40 години од сега нафтата нема да има голем удел во глобалната економија, тогаш можеби струјата ќе биде 10 пати поскапа од сега итн.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2791
Одг: Цена на горива
« Одговори #6643 на: 30 Јануари 2015, 10:05:58 am »
Многу поштено гледање на работите, ова е баш инжињерски пристап а не економски. Ова е исто како да речеш дека Американците стварно отидоа во Ирак, Либија и другите за да го спасат народот а не да профитираат. Зашто не отишле во Африка да спасуваат некого има и таму доста народ што страда.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6505
Одг: Цена на горива
« Одговори #6644 на: 30 Јануари 2015, 10:21:26 am »
Зошто да спасуваат во Африка кога немаат интерес? :D Секоја држава си гледа за себе и затоа не е возможно сите интереси да бидат задоволени. Тоа никако не го брише фактот дека профитот е број 1 во економијата, тоа е целта. Затоа на С. Арабија и се може да продава нафта по оваа цена (си израчунале они) а на Русија и на други држави ова не им одговара. Тоа ти е слободен пазар и огромен ефект од глобализирана економија.