Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се
намалуваат за 3,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 15.12.2014 година и со тоа
цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, а на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесно масло за
домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.12.2014
година и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 41,50 ден/лит.