Муабетот не е за стопанственици со службени возила, муабетот е за сите оние мочковци и мочли што ќе ми испружат рака на семафор од прозор мислејќи демек Господ знае што имаат во сопственост, како и тие што даваат месечно 30-40% од својата плата само за да одат со кола на работа, пошто нели не можеле поинаку.
Мене ме нервира свеста кај луѓето, зимоска беше едно освестување за тоа колку се самоуништуваме во градов и никако и никако да сфатат луѓето дека од некои навики може да се откажеме (не мислам на потреби како во твојот случај). Не ми е јасно, гледам и по некои мои другари, толку ли е тешко да се попешачи 30 минути, па ММЕ здраво е тоа, малку физичка активност, малку точак возење итн.. во цел свет владее оваа логика само кај нас на колку пократка релација возиш кола толку поголем фраер си. После се чудат кога ќе решат некаде дебелите гзови да ги мрднат во планина, како некој пензионер пичи пред нив а тие неможат здив да земат. Или кога ќе отидат на лекар па ќе им кажат дека крвта им е за никаде.
А за градскиот превоз, по мене цената е тука некаде, а тое што мислат дека е скапо нека видат колку пари е во друг град. Нас реално ни фали или едно метро со релација Ѓорче - Лисиче или заштитен ринг во радиус од 2 км од центарот на градот освен за службени возила (ма да последново како и секогаш ќе најдат милион начини да го злоупотребат)
Е тоа е тоа, па кој сака нека сфати што сакам да кажам ....