Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1520548 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Цена на горива
« Одговори #2460 на: 07 Април 2012, 15:50:01 pm »
Нас Гас веќе долго време е 43. Редно време дојде да го симнат. На лук оил е 44 мислам. Ич неидам до Нас Гас за 1 денар. Кажујте ако се промени нешто.

абе 48,5 е на лук оил вчера ставив колку да разбијам монотонија од нас гас :D

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Цена на горива
« Одговори #2461 на: 07 Април 2012, 15:57:28 pm »
Значи ме лажат. Знаев јас дека нема да остаат овие 43 ако е толку на лук оил.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Цена на горива
« Одговори #2462 на: 07 Април 2012, 16:51:30 pm »
до нас гас не сум бил одамна незнма колку е ама гледам по постовиве дека е 43 5,5 денари помалце до осанативе.

Абе копуци во Буарија е 40денари литар плин на Shell а и на Лукоил

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Цена на горива
« Одговори #2463 на: 07 Април 2012, 17:45:31 pm »
> * Да си напунев резервар во ’96та, и сега да ви го шитнев, веќе ќе бев првиот македонски султан и ќе ме викавте Величенствениот
> * Тестамент „На внуците им го оставам бурето со безоловен 98, што стои закопано позади куќата“
> * Одеднаш томос со педаљи изгледа како тотално практична ствар
> * DHL купија нови 300 точаци од Вучко
> * Трките на водно ќе се одвиваат во Ентернет на NFS: Run
> * НЛБ тутунска има нов наменски кредит за полнење резервар, со рок на одплаќање 40 години
> * Гирадико за порачки со достава до дома ќе овозможат плаќање на рати
> * Иронија. Имаш пари да купиш 3 коли, немаш пари ни у една да ставиш бензин
> * Ако се сјебеш и свртиш круг повеќе на кружен тек, отидоа 500 денари у вода
> * Порано фраерите частеа на шанк. Сега на пумпа. „Прати и 100 милилитри на малава“
> * Омилен парфем? Безоловен 95ка
> * Порано возење со кочија беше романтика. Сега е неопходно
> * Порано моторот го пунев со 130 денари. Се за 500 може само да ми пљукне во резервар
> * Батали Мастер Кард, Виза, Американ Експрес... Извади ти ваучер од Макпетрол да видам јас...
> * Муабет у ванила: Срце, имам пун резервар. Сакаш да видиш?
> * Макпетрол е новиот Сваровски
> * 25 евра авионска карта за до Венеција. - 50 евра бензин во Пежо за до Драчево
> * Што е главната дилема на возач на југо? Да наполни резервар или за исти пари да купи Мерцедес!
> * 1м2 = 1евро = 1/2л бензин
> * Палење кола ти е 20 денари. Ако те фати црвено на мавровка, отиде платата...
> * Сега фраерите по број на турирања на семафор се познаваат
Доцниш чичко Маршер. :D
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,72.msg183495.html#msg183495
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: Цена на горива
« Одговори #2464 на: 07 Април 2012, 17:49:37 pm »
Доцниш и ти бре Чичко Гојдоооо ...  :D :D :D :D

прв постов го плесна Стратро ...

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,72.msg174768.html#msg174768

SRY!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Цена на горива
« Одговори #2465 на: 07 Април 2012, 18:13:24 pm »
Јебига....јас мислев ја открив Америка :D
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Цена на горива
« Одговори #2466 на: 07 Април 2012, 18:27:34 pm »
Нас Гас веќе долго време е 43. Редно време дојде да го симнат. На лук оил е 44 мислам. Ич неидам до Нас Гас за 1 денар. Кажујте ако се промени нешто.

абе 48,5 е на лук оил вчера ставив колку да разбијам монотонија од нас гас :D


LUK OIL ima najnova benzinska otvoreno pred dracevo, i tuka plinot e 44...i zatoa se nerviram kako moze da ima razlicna prodazna cena eden artikl vo edna firma.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Цена на горива
« Одговори #2467 на: 07 Април 2012, 18:38:16 pm »
Што те боли стојко тебе како они ке си продаваат и по која цена и на која пумпа?
И треба да е поефтино...На оние од Драчево за да стигнат до центар им треба пола резервоар бензин...Шо мислиш ти?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2241
Одг: Цена на горива
« Одговори #2468 на: 07 Април 2012, 20:32:30 pm »
Бензинот ќе „вози“ со 90 денари?


Се шпекулира дека цената на горивата во земјава в понеделник ќе се коригира нагоре и ако се следи трендот на поскапувања во земјите во регионот, тогаш кај нас би требало да скокне за најмалку 1,5 денар

Цените на горивата в понеделник би требало да „возат“ со 90 денари. Регулаторната комисија за енергетика (РKЕ) ќе одлучува за цената на горивата, а познавачите на нафтениот бизнис во земјава кои ги прашавме тврдат дека веќе се најавени корекции на цените, но за колку, никој не може точно да пресмета. Тоа го потврдуваат и на самите станици и велат дека им е најавена корекција, но дали нагоре или надолу, не знаат. Сепак, ако се следи трендот на поскапувања во земјите во регионот во текот на неделава, тогаш цената во земјава би требало да скокне за 1-1,5 денар и да ја сруши границата од 90 денари за литар.

„Дневник“ истражуваше и се обиде да направи пресметка по која цена ќе се продаваат бензините в понеделник. Но факт е дека никој во земјава, освен регулаторите, не може да ја „провали“ формулата по која се формира цената на горивата во земјава. Само се знае дека во нејзиното формирање влегува цената на нафтата на светските берзи и односот на курсот на доларот во однос на денарот.

Од последното покачување на цената на горивата во земјава до вчера цената на нафтата на светските берзи осцилираше и просечната цена за овој период, која би требало да ја земат и регулаторите, изнесува околу 124 долари за барел. Таа е пониска за еден долар од претходната просечна цена од 125 долари за барел, на која се утврдуваше минатата корекција на цените на горивата. Инаку, вчера цената на нафтата „брент“ изнесуваше 123,29 долари за барел, а во овој период најниско се спушти до 122,5 долара за барел, а максимумот беше 125,4 долари за барел.

Kурсот на доларот во однос на денарот исто така беше стабилен и по таа основа не требаше да има некое драстично покачување на цените на горивата. Но, с` до вчера, кога се случи промена и од просечни 46 денари за долар курсот дојде на ниво од 47 денари за долар.

Сепак, според познавачите, ова нема да влијае многу на регулаторите бидејќи пресудни и овој пат ќе бидат показателите за цената на нафтените деривати на светскиот пазар, за кои тешко се добива информација за тоа колку растат.

Од Регулаторна комисија за енергетика вчера не добивме коментар дали се готви ново поскапување на горивата. Инаку, според цените на горивата во Европа и во регионот, Македонија е поскапа од Србија, Романија, Босна, Албанија, Русија.

За една година бензините поскапеа за 13 проценти

Во Македонија само за една година цените на горивата се зголемија за околу 13 отсто, покажуваат споредбите за цените на горивата на крајот на март лани и годинава, кога беше последната корекција. Македонија е меѓу мал број европски земји што имаат двоцифрен пораст на цените на горивата за една година. Податоците говорат дека лани на крајот на март цената на „евросупер 98“ била 10 денари пониска од сега и изнесувала 79 денари, или само за една година има покачување од 12,7 отсто. Иста е состојбата и со „евросупер 95“, кој лани истиот период се продавал по цена од 77,5 денари, додека дизелот лани бил со пониска цена за 6 денари од сегашната цена, која изнесува 75,5 денари.

Психолошката граница - 120 денари?

Засега никој не се осмелува да направи анализа која е психолошката граница за цената на горивата во земјава. Се шпекулира дека многу брзо цената би достигнала 100 денари, а до крајот на годинава и 120 денари за литар. Но ниту Владата ниту експертите не излегоа со анализа дали, кога и при која цена на нафтата на светските берзи тоа би можело да се случи и кај нас и дали и какви мерки би се презеле. Ниту една од надлежните институции во земјава не сака да излезе со став за тоа која цена е границата над која Владата ќе преземе конкретни мерки. За разлика од нас, Хрватска ја постави таа граница на 12 куни, односно 1,64 евро. Според најавите, доколку цената во Хрватска ја надмине таа граница, владата ќе ги намали акцизите за горивата.

http://dnevnik.mk/?ItemID=1CC083EB72ACE240988FEDFBFEFF7656


Народе спреми се за примање уште троа.............Препорачувам дупло вазелинче........
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Re: Цена на горива
« Одговори #2469 на: 07 Април 2012, 20:40:16 pm »
Pa normalno psiholoska granica 150 den pa koga ke se pomine taa cena zdravje boze

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Цена на горива
« Одговори #2470 на: 07 Април 2012, 21:36:51 pm »
Нас Гас веќе долго време е 43. Редно време дојде да го симнат. На лук оил е 44 мислам. Ич неидам до Нас Гас за 1 денар. Кажујте ако се промени нешто.

абе 48,5 е на лук оил вчера ставив колку да разбијам монотонија од нас гас :D


LUK OIL ima najnova benzinska otvoreno pred dracevo, i tuka plinot e 44...i zatoa se nerviram kako moze da ima razlicna prodazna cena eden artikl vo edna firma.

е и мене тоа не ми е јасно, копуци се.

барем педерите од макпетрол сегде си ја држат цената а може и не

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Цена на горива
« Одговори #2471 на: 07 Април 2012, 22:34:44 pm »
Психолошката граница е 85 денари.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Цена на горива
« Одговори #2472 на: 07 Април 2012, 22:41:36 pm »
^

Тогаш реши да инсталираш плин.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #2473 на: 07 Април 2012, 22:46:50 pm »
Психолошката граница одамна ми ја пробија. 50 денари беше за мене. Ја не знам чии се тие граници од 90, 100, итн денари за литар е*ено гориво :^)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Цена на горива
« Одговори #2474 на: 07 Април 2012, 23:43:32 pm »
Симо кај и да е ќе ставиш Метан, бидејќи и со плинот овие ќе ти пробијат психограница.

Мене ми до*курчи кога бензинот прв пат го напука 84 лани.
Ум шо идит отпосле не јет ум!