Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1525577 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Вози Мишко
« Одговори #1575 на: 28 Февруари 2012, 10:47:55 am »
Возачите си ги полнат резервоарите до максимум и потоа не го плаќаат горивото. Ние пријавуваме во МВР, но заради тоа што кражбите се до 3.000 денари тие немаат интерес да ги гонат крадците, вели Мите Јованов од "Макоил"


Македонските возачи во шок од новите цени на бензините и дизелот, бидејќи тие од ноќеска на полноќ поскапеа за неверојатни три денари по литар. Сопствениците на бензински пумпи стравуваат дека тоа ќе биде причина да се зголеми бројот на кражбите, кои изминативе месеци се во подем.

Според Мите Јованов, директор на "Макоил" само за еден месец на една бензиска пумпа регистрирани се четири кражби.
-Возачите си ги полнат резервоарите до максимум и потоа не го плаќаат горивото. Ние пријавуваме во МВР, но заради тоа што кражбите се до 3.000 денари тие немаат интерес да ги гонат крадците - вели Јованов. Тој за редовните муштерии одобрува попуст од еден денар по литар гориво.

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од денеска, па во следните две недели, изнесува 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се точи по 85,5 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) за 74,50 денари за литар. Зголемување има и кај малопродажната цена на екстралесното масло за домаќинството (ЕЛ-1) коешто се зголеми за 2,5 денари за литар и чини 63 денари за литар. Корекција има и кај цените на мазутот од 2,173 денари за килограм, при што новата цена изнесува 47,934 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 6,54 отсто повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,42 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Рекордно високите цени деновиве се регистрирани и во регионов. Кај нашиот северен сосед Србија, бензинот од 95 октани чини 1,21 евро за литар,а дизелот 1,25 евра за литар. Заради високите цени на горивата врие и во соседна Бугарија. Во неделата во неколку големи градови регистрирани се мирни протести кои биле организирани од градежното здружение "Сила". Според бугарските возачи, цената на литар бензин со ДДВ максимално треба да биде два лева, односно едно евро.

Револт има и кај возачите коишто имаат подобар стандард на живот. Германците велат дека тренирање на нерви е кога го полниш резервоарот, бидејќи суперот од 98 октани достигнал цена од 1,70 евра за литар, а дизелот 1,54 евра за литар.

Како што појаснуваат од нафтените концерни, главната причина за овие состојби е напнатата ситуација на Блискиот Исток, како и одлуката на Иран да престане со испорака на нафта за одредени европски земји. Светската цена на нафтата деновиве е повторно на ниво од 124 долари за барел и тоа е слично на движењето што го имаше црното злато во мај, лани.
Експертите објаснуваат дека во 2008 година кога барелот нафта достигна рекорден износи од 144 долари, тогаш високата цена на горивата се должеше токму на овие високи цени. Но, деновиве, состојбата е поинаква, бидејќи заради рецесијата во еврозоната и климавата состојба на еврото, високата цена на горивата се должи на курсот на еврото во однос на доларот. Ако пред 4 години за едно евро се добивало 1,57 долари, сега за едно евро се добива едвај 1,33 долари.

Но, додека паричниците на возачите слабеат, нафтените гиганти и понатаму профитираат. Така, "ЕксонМобил" лани оствари добивка од 31,2 милијарди евра, Шел 23,3 милијарди евра, а БП со 18,2 милијарди евра.

Високи се цените на бензините и во Данска, Грција, Италија, Холандија и Шведска. Но во Италија и Холандија се точи најскап бензин, а за литар дизел најскапо се плаќа на италијанските бензински пумпи и тоа по 1,73 евра за литар.

Во САД се избрал полесен начин да се дојде до бензин. Во државата каде со години наназад се точеше најевтин бензин во светот во пораст е кражбата на горива на бензинските пупи. Како што пишуваат медиумите во комбиња со специјални канистри крадците го складираат бензинот. Просечната цена на бензините во САД е 3,59 долари за галон, а еден галон има 3,78 литри. Краденото гориво се продава по 2,5 долари за галон.

За Промгас судот ќе одлучува
Регулаторната комисија за енергетика бара од судот да ги казни "Промгас" и "Га-Ма" заради штетите што ги претрпеа компаниите во јануари кога без почитување на законската регулатива беше стопирана испораката на природниот гас. Тогаш без овој енергенс останаа околу 20 индустриски капацитети меѓу кои: Макстил, Жито Лукс, Европа, ФЗЦ 11 Октомври, Пивара и Усје. Компаниите поради немањето гас беа присилени да го стопираат производството или да го пренасочат на друг алтернативен енергенс.

Од Комисијата не ја потврдуваат информацијата, иако нејзиниот претседател Димитар Петров на прес-конференција во јануари изјави дека "Промгас" мора да ги сноси последиците и да биде казнет што без да го почитува Законот за енергетика на своја рака ја стопираше испораката на гасот во период од една недела.

Валентина МАРЈАНОВИЌ

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=DA9896FB53F83742834A14733BCCA2B1

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7566
Одг: Цена на горива
« Одговори #1576 на: 28 Февруари 2012, 11:09:29 am »

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3869
Одг: Цена на горива
« Одговори #1577 на: 28 Февруари 2012, 11:17:52 am »
Pa vo April imase izbori zatoa gi namalija gorivata, pominaa izborite i ni pisnaa pak odnovo ;D ;D ;D ;D ;D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7566
Одг: Цена на горива
« Одговори #1578 на: 28 Февруари 2012, 11:31:21 am »
Зашто би ја интересирало цела државна администрација дали горивото ке биде 70 или 100 денари ...

Сите имаат над 25-30 000 Денари плата, и плус скоро секој втор од нив е во некаков одбор за животна средина, и зема уште 15-20 000 ...


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Цена на горива
« Одговори #1579 на: 28 Февруари 2012, 11:35:00 am »
24.000 кога веќе сме прецизни.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Цена на горива
« Одговори #1580 на: 28 Февруари 2012, 11:35:23 am »
toa se clenovi na partii komiteti i sl kako bicikliski i ostalo, em rabota, em portparol em clen na sovet em na sportski sojuz .... pa od site 4 mesta po 15 000 da se = 60 000, a poveke se ....  :-\

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Цена на горива
« Одговори #1581 на: 28 Февруари 2012, 11:39:38 am »
Стави ли некој од поскапиов бензин? Може помалку се троши тој :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7566
Одг: Цена на горива
« Одговори #1582 на: 28 Февруари 2012, 11:45:53 am »
Ми се гади кога ке помислам дека секој од нив има по 3-4 извори на приходи, дур има поштен и едуциран народ кој страда  и едвај скрпува крај со крај ...

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Цена на горива
« Одговори #1583 на: 28 Февруари 2012, 11:51:04 am »
taka e, dzabe ti e skolo i znaenje, samo trebase od 8-mo odd da se tepas, lepis plakati i da si ovca bez svoe jas, da si go sitnes glasot i da ne se zamaras i denas nisto nemase da ti fali...... :-\

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34296
  • Таков е животот... јебига
Одг: Цена на горива
« Одговори #1584 на: 28 Февруари 2012, 12:03:01 pm »
Ми се гади кога ке помислам дека секој од нив има по 3-4 извори на приходи, дур има поштен и едуциран народ кој страда  и едвај скрпува крај со крај ...
Томи, такви се примените на работа во последниве 3-4 години. А што да кажат оние (како моите) што работат цел живот во администрација, животот го оставиле таму, земаат по 18.000 денари а им тртнале во канцеларија рамковци кои зимаат по 25.000 плата а никогаш не се појавиле на работа ?

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Цена на горива
« Одговори #1585 на: 28 Февруари 2012, 12:41:20 pm »
.
« Последно менување: 05 Мај 2012, 04:15:28 am zippo »

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Цена на горива
« Одговори #1586 на: 28 Февруари 2012, 12:49:49 pm »
dosta placenje,vreme e za hebla

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34296
  • Таков е животот... јебига
Одг: Цена на горива
« Одговори #1587 на: 28 Февруари 2012, 12:53:04 pm »
Така е Смичка.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Цена на горива
« Одговори #1588 на: 28 Февруари 2012, 17:16:23 pm »
Какви хебли какви бакрачи бе,ќе земат и тоа хеблите у гз ќе ни ги стават,ко што сме немоќни..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Цена на горива
« Одговори #1589 на: 28 Февруари 2012, 17:42:37 pm »
Не треба хебла, цревце канта и цицај од нивните коли бензинче
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“