Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1870608 пати)

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: Цена на горива
« Одговори #1260 на: 22 Јануари 2012, 15:43:45 pm »
nafta  ;D ;D ;D

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Цена на горива
« Одговори #1261 на: 22 Јануари 2012, 15:58:21 pm »
Има и за нас и тоа боље од овој по бензинскиве
 Исто по 50

Керозин :)
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Цена на горива
« Одговори #1262 на: 22 Јануари 2012, 19:23:21 pm »
Таман работа..

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Цена на горива
« Одговори #1263 на: 22 Јануари 2012, 21:01:09 pm »
Има и за нас и тоа боље од овој по бензинскиве
 Исто по 50

Керозин :)

Слободно стави керозин во кола :)
Керозин во клипен мотор има октанска вредност од 70-75, а кај млазни мотори над 120 октани :)
Па сега види ти дали може да се стави керозин во клипен мотор :)

Отсутен Vlado

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Цена на горива
« Одговори #1264 на: 22 Јануари 2012, 21:05:28 pm »
Иххх кој не сакат бензин за 50 денари...
Сузуки Свифт 1.3

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Цена на горива
« Одговори #1265 на: 22 Јануари 2012, 21:06:50 pm »
Секој сака ама неможе секој да си дозволи да земе 100+ наеднаш. и неможеме да се собереме 300 луѓе и да зимаме по 10л . Малце друкше иде работава.

 

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45191
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #1266 на: 22 Јануари 2012, 23:25:58 pm »
Ја можам одеднаш околу 130-180л да земам :)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: Цена на горива
« Одговори #1267 на: 23 Јануари 2012, 11:53:18 am »
Цитат
Регулаторната ја толерира Окта со највисока рафинериска цена во Европа! Зошто?
Катерина Попоска


По последното поскапување, цените на горивата во Македонија се доближија до рекордните од 2008 година, кога светската цена на нафтата беше 147 долари, иако денес нејзината цена се движи околу 100-110 долари за барел. Време е Регулаторната комисија за енергетика да побара нова и пореална методологија за формирање на цената на горивата, посебно поради тоа што таа се формира врз основа на рафинериската цена која ја пријавува Окта, која е убедливо највисока во цела Европа

Со последното поскапување цените на горивата повторно се доближија до рекордните цени од историјата на независна Македонија. Еуросупер од 98 октани во моментов се продава по 81 денар за литар, иако рекордната цена на ова гориво во 2008 година, но и во ноември минатата година изнесуваше 82 денари во време кога суровата нафта на светските берзи се продаваше меѓу 120 и 147 долари за барел. Сега цената на суровата нафтата е пониска од тогаш и се движи околу 110 долари за барел.

Дополнителен апсурд пак, е што дизелот кој го произведува Окта е најскап споредено со земјите во Европа. Според последната корекција на цената, дизелот во Македонија достигна цена 72,5 денари за литар, односно 1,183 евра за литар. Иако ова не е највисоката досега малопродажна цена на дизелот во Македонија, ако ја споредиме оваа цена со цените на дизелот во Европа, можеби во Македонија се продава поевтин дизел. Но, ако се анализира рафинериската цена која ја пријавува Окта, а Регулаторната комисија за енергетика и ја одобрува, тогаш Македонија е убедлив рекордер со највисока производна или рафинериска цена споредено со сите 27 земји-членки на Европската унија.

Статистиката на Европската енергетска асоцијација покажува дека во Ирска, Шведска и во Малта има најскапа рафинериска цена на дизелот во Европа, која изнесува меѓу 0,534 и 0,524 евра за литар. Рафинериската цена на дизелот што ја наплаќа Окта е фрапантни 0,733 евра за литар, што е драстично поскапо и од најскапата рафинериска цена на дизелот во ЕУ.

Ако малопродажната цена на дизелот произведен во рафинеријата Окта чини 1,183 евра за литар, тогаш произлегува дека рафинериската цена „јаде” најмногу од цената на дизелот. За споредба, во другите европски земји поголем дел од цената на горивата ја наплаќа државата преку акцизи и даноци. Од цената на дизелот кој се продава на македонските бензински пумпи на акцизата отпаѓа 0,204 евра, додека пак, на данокот на додадена вредност отпаѓа 0,19 евра за литар. Дистрибутерот пак, Макпетрол, ja наплаќа највисоката маржа понудена од Регулаторната комисија за енерегетика, 0,052 евра за литар. Ако овие податоци се споредат со структурата на малопродажната цена на дизелот во Шведска, кој е најскап во цела Европа и чини 1,544 евра за литар, рафинериската цена изнесува 0,524 евра.

Компаниите бараат нова методологија за формирање на цените на бензините

Најавите дека нафтата допрва може да поскапува ги вознемири македонските транспортери, дистрибутери и компании чиишто машини работат на нафта.

„Сите машини во рудникот Бучим работат на дизел-гориво. Нашата годишна потрошувачка се движи околу 3.000 тони дизел, што во просек нè чини околу три милиони евра, така што растот на светската цена на нафтата значително влијае на нашето работење, бидејќи трошоците за нафта учествуваат со околу 10% во цената на финалниот производ. Поскапите енергенси влијаат на економичноста во работењето. Уште полошо е што немаме алтернативно гориво за нафтата и не сме во можност ништо да смениме”, неодамна за „Капитал“ изјави Николајчо Николов, заменик-генерален директор на рудникот за бакар Бучим од Радовиш.

Инвеститорите негодуваат дека ако цената на енергенсите ја пресметаат во цената на крајните производи, тоа за нив ќе значи апсолутна неконкурентност на европските и на светските пазари. Само индустријата на годишно ниво троши околу 81.000 тони мазут и 26.000 тони екстралесно масло и дизел. Ако се тргне од претпоставката дека овие цени на нафтените деривати ќе останат непроменети до крајот на годината, само за набавка на мазут трошоците на индустриските капацитети ќе се зголемат за уште најмалку 10 милиони евра.

Дел од македонските дистрибутери за „Капитал“ објаснуваат дека нема веднаш да ги поскапат производите, иако не ја исклучуваат оваа можност во иднина. Бараат од Регулаторната комисија за енергетика да ја промени методологијата по која ги определуваат цените на нафтените деривати, бидејќи, како што велат, формулата била нереална.

„Засега нема да ги зголемиме цените на производите, но по извесен период, ако продолжи тенденцијата на поскапување на годивата, по инерција ќе мора да ги поскапиме производите. Нас повеќе нè тишти тоа што цените на горивата не се формираат пазарно. Пред две години баравме да се промени методологијата за формирање на цените на нафтените деривати и цените на горивата да се формираат по пазарен принцип. Нас не нè интересира дали има монопол на пазарот, не сакаме да плаќаме за некого. Сметам дека оваа методологија не е адекватна на реалните случувања на пазарот”, вели за „Капитал” сопственик на една од поголемите дистрибутивни компании.

На нелогичноста на методологијата за определување на цената на нафтените деривати веќе долго време укажуваат и експертите. Пред две години, кога барел нафта се продаваше по 147 долари, бензинот во земјава се продаваше по цена од 80,5 денари за литар. Сега барел нафта на Лондонската берза чини 111,46 долари, а еуросупер од 98 октани се продава по цена од 81 денар за литар.

извор www.kapital.com.mk


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4239
Одг: Цена на горива
« Одговори #1268 на: 23 Јануари 2012, 11:58:52 am »
Цитат
Полските граѓани денеска почнаа протест против поскапувањето на горивата со создавање гужва околу бензинските пумпи, а за вечер во Варшава е предвидено блокирање на сообраќајот со бавно возење околу парламентот.



Полјаците бараат владата да превземе чекори против поскапувањето на бензините, меѓу другото и со намалување на акцизата.

„Се собираме на паркинзите ширум Полска. Поаѓаме на пумпите во групи. Земаме гориво за симболичен еден злот (22 евроценти), одиме да платиме, а пред тоа ќе ги ѕирнеме весниците и ќе изедеме сендвич. Потоа се враќање, ставаме повторно гориво за еден злот и се така одново", се вели во иницијативата објавена на Фејсбук.

За вечер возачите се повикуваат со минимална брзина да го обиколуваат полскиот Сејм.

Во иницијативата, меѓу другото, се вели дека доколку денешните протести не вродат со плод, ќе бидат превземени поостри мерки, меѓу кои и блокада на сообраќајот на најпрометните места во градовите и патиштата, како и приодите до полските рафинерии.
Цитат

Извор www.kajgana.com
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Цена на горива
« Одговори #1269 на: 23 Јануари 2012, 12:14:27 pm »
Ти се посерам на државата. Никат нема да се смени методологијата за утврдување на цената, затоа што некој од власта има гоооолем профит од сето тоа, и не стрижат како сакаат, пошто народов е една овца голема си седи и не прави ништо и ја стрижат(си вози, си плаќа најскап бензин и си ќути). абе како не ебаваат тоа чудо едно, дајте да се организираме, видиш пољациве паметно направиле, доволно е ние од форумов да направиме еден мал милен протест(на нас ќе ни дое ко собир :)) и ќе викнеме новинари, ќе слушне народов, па ваљда не е толку глуп следниот пат да не се приклучи.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9578
Одг: Цена на горива
« Одговори #1270 на: 23 Јануари 2012, 12:17:48 pm »
Ти се посерам на државата. Никат нема да се смени методологијата за утврдување на цената, затоа што некој од власта има гоооолем профит од сето тоа, и не стрижат како сакаат, пошто народов е една овца голема си седи и не прави ништо и ја стрижат(си вози, си плаќа најскап бензин и си ќути). абе како не ебаваат тоа чудо едно, дајте да се организираме, видиш пољациве паметно направиле, доволно е ние од форумов да направиме еден мал милен протест(на нас ќе ни дое ко собир :)) и ќе викнеме новинари, ќе слушне народов, па ваљда не е толку глуп следниот пат да не се приклучи.

Odma ke najdat nekoja povrzanost so Branko i deka on e kriv  pa posle i nekoj ni kriv ni dolzen ke go jade :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34539
  • Таков е животот... јебига
Одг: Цена на горива
« Одговори #1271 на: 23 Јануари 2012, 12:20:55 pm »
Ај кажете драгичка па да ви кажам нешто...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Цена на горива
« Одговори #1272 на: 23 Јануари 2012, 12:23:47 pm »
Ај кажете драгичка па да ви кажам нешто...

Ќе идат на 150 денари литар наредна недела?
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Цена на горива
« Одговори #1273 на: 23 Јануари 2012, 12:24:55 pm »
Драгичка ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: Цена на горива
« Одговори #1274 на: 23 Јануари 2012, 12:27:51 pm »
Сеа односот долар - евро ќе биде виновен ;D ;D ;D