
Малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 денар/литар, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 12.07.2021 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините
ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното
масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени
утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива
за транспорт од 12.07.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,50
ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 63,50 ден/лит.
Намалувањето е заради:
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на
малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04% во однос на Одлуката од 12.7.2021 година.
Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали
акцизата за 2,00 денар за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) согласно Уредбата со законска сила за дополнување
на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.