Прогуглај малку. Сме плаќале можеби 1,6 денари по литар како резултат на тој договор кој инаку никој до сега не го видел. Прекина договорот, а цената остана како што остана.
https://meta.mk/dve-deczenii-od-shtetniot-dogovor-za-okta-gra-anite-plati-a-dvo-no-pove-e/
Згора на тоа, +3 денари акциза.
Згора можда имало и други давачки, а ценава иста и тогаш и сега. Мада нели горивата горе доле треба да бидат со иста цена како кај нас, така и во други земји околу нас, ама пак е чудно како се плаќале овие даноци. Не сум и јас многу во тек ама чудно е бре. Штета нема некаде историја на ценовникот кај нас па да правиме споредба со Србија, Хрватска или трета земја. И на крајот излегува како да продолжуваме да плаќаме пенали, само не знаеме зошто? Како навика да ни остане ова со плаќање даноци.
Ќути, барем почист воздух дишиме.
Абе еден почист воздух у пм. Еве како на швајцарски алпи да сме.
Сега со воведувањето на уан веј тикет во ЈСП за само 50 денари, уште повеќе ќе се користи тој вид на транспорт и уште почист воздух ќе има... за Скопје ова, за Битола ќе се најдат други мерки
Карта возење од Куманово-Скопје е 100 денари.
ЈСП карта за едно возење 50 денари.
Битола во ситуацијава кој ја врти, важно таа чури на јаглен да прави струја, а цела земја демек еколошка да ја правиме на струја? Дете од 3-4 години ќе сфати дека тука смрди нешто.