Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно
Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,82%.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 во однос на
малопродажната цена утврдени со Одлуката од 27.01.2020 година и со тоа, малопродажната цена
на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 во однос на малопродажните цени утврдени со
Одлуката од 27.01.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува
66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)
изнесува 47,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 во однос на
малопродажната цена утврдени со Одлуката од 27.01.2020 година и со тоа, малопродажната цена
на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.