Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1520356 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5200
Одг: Цена на горива
« Одговори #8325 на: 09 Јануари 2018, 18:40:40 pm »
Пробајте дали избелува на сонце, и јас се зачитав и ме интересира. Мислам дека нема лесен/ефтин начин да се тргне бојата.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Цена на горива
« Одговори #8326 на: 09 Јануари 2018, 19:23:12 pm »
Koja e logikata ako znae nekoj 95ka ostanuva ista, 98 za pola denar, dizel za denar???? Po koja metodoligija gi racunaat cenive?? Kraj nemoze na regulatorna da im se fati

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Цена на горива
« Одговори #8327 на: 09 Јануари 2018, 20:04:08 pm »
Мене ми е многу жално кога некој се радува зошто дизелот поскапел. Да се радува ако поефтини бензинот супер ќе биде и јас дури среќен ќе бидам, ама чувство на задоволство зошто поскапел дизелот или било што што е многу користено ми е ептен нонсенс.....
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Цена на горива
« Одговори #8328 на: 09 Јануари 2018, 23:34:00 pm »
Мене ми е многу жално кога некој се радува зошто дизелот поскапел. Да се радува ако поефтини бензинот супер ќе биде и јас дури среќен ќе бидам, ама чувство на задоволство зошто поскапел дизелот или било што што е многу користено ми е ептен нонсенс.....

Гарант ке го имаат истиот ентузијазам кога 90% од продуктите на полица во маркет ке поскапат за 20% пошто дизелот поскапел за 10% за 2 месеци. Ама фак јеа, они биле визионери кога земале бензинци и доаѓаат нивните 5 минути.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Цена на горива
« Одговори #8329 на: 10 Јануари 2018, 00:08:50 am »
Цената на дизелот беше и сеуште е ниска затоа што истата ја субвенционираат со повисоката цена/акциза на бензинот.

Во сите здраво развиени економии на запад, па и на исток цената на дизелот и бензинот е приближно иста.

Бидејќи кај нас принудно ја буткаа цената на дизелот надолу за сметка на поскапиот бензин, сега кога цената иде нагори тоа е болно, за сите кои што нафтата им е погонско гориво во бизнисот кој го работат.

Вистинската мерка е намалување на цената на бензинот, паралелно со зголемување на цената на дизелот се додека и двата енергенси не стигнат до ниво кое што е во тренд со соодносот на светските берзи. Нормално тоа не треба да значи дека горивата треба да имаат иста цена како во Германија на пример, но разликата дизел-бензин ќе се движи во ранг на 2/3 денари разлика.

Индустријата, земјоделците, транспортерите треба да имаат субвенционирано гориво кое ќе биде поефтино од она што ќе биде наменето за комерцијална употреба. За тоа веќе пишав неколку постови претходно и нема да се повторувам.

Така да коментарите дека "некој се радува бидејќи дизелот поскапел" се патетични, затоа што сите што сега се "дева марија" кога поскапува дизелот, воопшто не ни дискутираа околу прашањето како е можно само во Македонија да има толку огромна разлика на Дизелот и Бензинот. Тогаш сите ја тераа "македонската" мене да ми е арно другите кој ги *бе, ама кога дојде поскапувањето пред врата е тогаш да прогласиме национална жалост.

Пак ќе повторам:

ПОГРЕШНА Е ПОЛИТИКАТА НА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДИЗЕЛОТ НА СМЕТКА НА БЕНЗИНОТ, ВО ПОСЛЕДНИТЕ 15 ГОДИНИ. И следејќи го развивањето на настаните со поскапувањето на дизелот во последните 6 недели, а притоа не се воведува субвенција за погонско дизел гориво за индустрија, земјоделие и сл. е повторно лоша насока во која се движат работите.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Цена на горива
« Одговори #8330 на: 10 Јануари 2018, 00:28:48 am »
Абе се тоа е супер и јас се слагам со тебе, те прочитав секој пат кога го пиша и мислам и дека го лајкнав неколку пати. Ама пак, не го разбирам ситењето и радувањето дека на мнооооогу голема група на луѓе им се креваат трошоците а потоа и на сите останати. Како што гледам, не се субвенционира сеуште дизелот за земјоделие ниту за фирми, така да, поскапувањето на дизелот е поскапување за буквално сите вкулучувајки ги и тие што возат на бензин. Тоа пак ме води кон муабетот, не разбирам зашто е толку ситење за покачувањето на дизелот и доаѓаме до старата македонска, да му умре козата на комшијата. Не е ден на жалост, далеку од тоа, дизелот и претходно бил оваа цена а бил и над оваа, ниту ме фаќа паника и ја огласувам колата испод цена ниту па почнав да возам 50 у 6та. Нас не ебат кој ке стигне и како сака, а ние очите ке си ги извадиме со муабети од типот, ха тебе ти е скап бензинот, ха сега тебе ти е скап дизелот.
Како и да е, пошто бензинот нема да се спушти надоли, значи дизелот ке се крене нагоре а со тоа и сите останати производи. Сепак за помалку од 3 месеци цената е качена за 16%, а на 11.01.2016та години, пред скоро две години дизелот бил 41,5 денари односно цената сега е за 40% повисока.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Цена на горива
« Одговори #8331 на: 10 Јануари 2018, 01:18:45 am »
Има неколку работи во твојот исказ со кој се согласувам, но незнам зашто ги гледаш како спротивност во мојот став

Ама пак, не го разбирам ситењето и радувањето дека на мнооооогу голема група на луѓе им се креваат трошоците а потоа и на сите останати.


Бев повеќе саркастичен, искрено не се ситам. Немам поента зашто би го правел тоа.


Како што гледам, не се субвенционира сеуште дизелот за земјоделие ниту за фирми, така да, поскапувањето на дизелот е поскапување за буквално сите вкулучувајки ги и тие што возат на бензин.


Да. Се согласувам.


Тоа пак ме води кон муабетот, не разбирам зашто е толку ситење за покачувањето на дизелот и доаѓаме до старата македонска, да му умре козата на комшијата.

Бев повеќе саркастичен, искрено не се ситам. Немам поента зашто би го правел тоа.


Не е ден на жалост, далеку од тоа, дизелот и претходно бил оваа цена а бил и над оваа, ниту ме фаќа паника и ја огласувам колата испод цена ниту па почнав да возам 50 у 6та.


Ако те фати, и решиш да продаваш, имаш мој број ѕвони :)


Нас не ебат кој ке стигне и како сака, а ние очите ке си ги извадиме со муабети од типот, ха тебе ти е скап бензинот, ха сега тебе ти е скап дизелот.


Ок. Скап ми е бензинот. Ете признав.


Како и да е, пошто бензинот нема да се спушти надоли, значи дизелот ке се крене нагоре а со тоа и сите останати производи.

Сепак за помалку од 3 месеци цената е качена за 16%, а на 11.01.2016та години, пред скоро две години дизелот бил 41,5 денари односно цената сега е за 40% повисока.


Ваљда регулаторна, влада цена на берзи and stuff треба да ги бесиме, нешо, протести. Незнам што да ти кажам. Се слагам со тебе, погрешни се чекориве што ги прават ама седиме на форум и куцаме. Сите се латентни, арно им е.

Затоа како што кажав и претходно, [sarcasm]малку е качен дизелот уште треба.[/sarcasm]


Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Цена на горива
« Одговори #8332 на: 10 Јануари 2018, 10:13:47 am »
Иначе, ме заинтерисира ова со избелувањето на црвената нафта @Ѓорѓи  што пиша.

Малку навлегов во темава и нормално, сите „избелувачи“ мора да се купат. Наводно црвената нафта ако стои на Сонце, избелувала :) т.е бојата исчезнува.

Што се однесува до хемискиот состав, бил потполно идентичен и немала никакво штетно дејство на моторот.

Екстра лесно ЕL - 1
Енергенс наменет за индустриска употреба

Енергенс наменет за добивање топлина во домаќинствата, односно во инсталации што не се опремени со системи за предгреење на горивото.

Според својот квалитет одговара на македонскиот стандард за квалитет на масла за горење МКС Б.Х2.430.Ниската содржина на сулфур од максимум 0,1% (m/m) овозможува користење на истото во градски и урбани средини без опасност од зголемување на штетните издувни гасови.Дополнителното адитивирање на овој вид гориво, што се врши од страна на ,,Макпетрол” АД со повеќенаменски, висококвалитетен адитив од реномиран производител, обезбедува дополнителни бенифиции на потрошувачите, како што се: подобро согорување, а со тоа и зголемена енергетска искористеност на горивото, намалување на потрошувачката, како и подобрена точка на течење т.е. полесна употреба во зимски услови при ниски температури.

Не знам дали е вака кај нас, ама на запад како што читам е дозволено да се користи (и се користи) во индустриски машини (трактори, комбајни, камиони) што не учествуваат во сообраќај.

Далеку поскапи и пософиситицирани машини го користат како погонско гориво, што значи еден модерен дизел не би требало да има проблем.

Проблем е ако при рутинска контрола те фатат и ако ја немаш „избелено“ нафтата.

Дај бе луѓе не лупајте се и сешто по форумов, некој стварно ќе стави црвена нафта во комон реил дизел со 1500+бари.

1. "Далеку поскапи и пософиситицирани машини го користат како погонско гориво, што значи еден модерен дизел не би требало да има проблем." Кој логика еј?! Па комбајнот, тракторот, горилникот (котелот) се скапи поради својата намена, не поради "скапиот дезел под хауба".

2. Moдерен дизел подразбира комон реил вбризгување со 2000+бар притисок. За еден таков систем да функционира, има два клучни елементи кои се зависни од екстремно чисто дизел гориво, а тоа се пумпата и инјекторите. Пумпата е дизајнирана со екстремно мали толеранции (самата нафта треба да ја подмачкува), а инјекторите имаат дупки со димензии мерени во нанометри. Нашево гориво ни од блиску не ги задоволува тие стандарди, не па ЕЛ масло.

3. Модерен дизел (уште од пред 10 години 335D на BMW), развива преку 100кс/Л. Кога ќе видиш трактор, автобус, комбајн, шлепер со 16Л мотор како вади 1600кс, а притоа вози на 'црвена нафта" тогаш си прав.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Цена на горива
« Одговори #8333 на: 10 Јануари 2018, 13:37:57 pm »
Тие новите шо им дава чек енџин на нафта од лукоил не би требало да се заебаваат, црвена нафта само на нешо као mercedes w123.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Цена на горива
« Одговори #8334 на: 10 Јануари 2018, 16:53:37 pm »
Тие новите шо им дава чек енџин на нафта од лукоил не би требало да се заебаваат, црвена нафта само на нешо као mercedes w123.
Нископритисен бошанац или PD, до кај 200 бари.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Цена на горива
« Одговори #8335 на: 10 Јануари 2018, 17:49:04 pm »
Плинот поевтин за 1 денар.. дојде животот :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Цена на горива
« Одговори #8336 на: 15 Јануари 2018, 20:30:31 pm »
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=142987

Цитат
Земјоделците и западните градови на МК ќе добијат 50% поевтина нафта – популарно наречена зелена нафта. Првичните проценки се дека до крајот на летото реално ќе почне да функционира оваа мерка.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #8337 на: 15 Јануари 2018, 20:46:06 pm »
Прашањето е во Чаир каква нафта ќе се точи?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Цена на горива
« Одговори #8338 на: 16 Јануари 2018, 00:10:23 am »
Нема зелена таму, тди само на црвена оди :D
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Цена на горива
« Одговори #8339 на: 16 Јануари 2018, 00:32:20 am »
Прашањето е во Чаир каква нафта ќе се точи?

Само црвена ќе има тамо.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.