Иначе, ме заинтерисира ова со избелувањето на црвената нафта
@Ѓорѓи што пиша.
Малку навлегов во темава и нормално, сите „избелувачи“ мора да се купат. Наводно црвената нафта ако стои на Сонце, избелувала

т.е бојата исчезнува.
Што се однесува до хемискиот состав, бил потполно идентичен и немала никакво штетно дејство на моторот.
Екстра лесно ЕL - 1
Енергенс наменет за индустриска употреба
Енергенс наменет за добивање топлина во домаќинствата, односно во инсталации што не се опремени со системи за предгреење на горивото.
Според својот квалитет одговара на македонскиот стандард за квалитет на масла за горење МКС Б.Х2.430.
Ниската содржина на сулфур од максимум 0,1% (m/m) овозможува користење на истото во градски и урбани средини без опасност од зголемување на штетните издувни гасови.Дополнителното адитивирање на овој вид гориво, што се врши од страна на ,,Макпетрол” АД со повеќенаменски, висококвалитетен адитив од реномиран производител, обезбедува дополнителни бенифиции на потрошувачите, како што се: подобро согорување, а со тоа и зголемена енергетска искористеност на горивото, намалување на потрошувачката, како и подобрена точка на течење т.е. полесна употреба во зимски услови при ниски температури.
Не знам дали е вака кај нас, ама на запад како што читам е дозволено да се користи (и се користи) во индустриски машини (трактори, комбајни, камиони) што не учествуваат во сообраќај.
Далеку поскапи и пософиситицирани машини го користат како погонско гориво, што значи еден модерен дизел не би требало да има проблем.
Проблем е ако при рутинска контрола те фатат и ако ја немаш „избелено“ нафтата.