Резил муабет. Жалосно што се пишува тука.
Баш објасни што е резилот?
Дека нафтата, горивото водач на транспортот и економијата, треба да поскапува повеќе од бензин, горивото дефиниција за луксуз.
И тоа замотано во приказни дека тоа е добра работа, само за да се задоволат некои сфаќања добиени од БензинВСдизел темата во стилот на "сега да ве видам" на сметка на поскапување на се во државата.
Фасцинантни муабети. Да ни цркне козата на сите е муабетов.
Акцизата е давачка која по дефиниција е давачка на луксуз. Сите останати фасцинации врзни со „да му цркне све“ воопшто немаат никаква потркепа во сваќањето од темата бензивсдизел. Екомомијата се решава со други мерки а не со нерамноправно даночење за „ист“ производ.
Нафтата и бензинот треба да имаат иста малопродажна цена. Без разика дали ќе се намли акциза за бензин или ќе се зголеми за дизел. Цената на овие два енергенси како и секаде во Западна Европа треба да биде иста.
Бидејќи нафтата се користи како основен ресурс за придвижување на земјоделие, транспорт, индустрија нека постои индустриска нафта (исто како што постои индистриска струја) каде што цената ќе биде пониска од малопродажната, но условите под кои ќе се точи оваа нафта и количините кои ќе бидат повластени за секој земјоделец, транспортер и сл. треба да бидат ограничени и контролирани. Намерно велам ограничени затоа што потребно е да се воведе строга контрола на вистинската примена на оваа нафта. Кај земјоделците може лесно да се направи пресметка колку нафта ќе следи по површина обработливо земјиште или култура која се одгледува, кај транспортерите поминатата километража на секое возило треба да соодејствува со количината на потрошена нафта. Се разбира дека овие количини нема да бидат пресемтани до капка и дека квототе би биле флексибилни со цел да се покријат загубите заради стара механизација и слично.
Со ваквите контроли би се минимизирале ситуациите каде што земјоделец или транспортер ќе си зима субвенционирана нафта како средство за работа и ќе си го вози Голфот ТДИ со истата нафта, затоа што му се може, или па во идеалната економска варијанта истата нафта би ја шиткал 5 денари поефтино од малопродажната цена.
Бидејќи нашава земја спаѓа во земја од третиот свет каде што социјалната свест за заштита на околината во која живееме не постои, потребно е да се воведат драстични мерки за да почне самосвеста да функционира. Главниот загадувач на животната средина е огревното дрво, тоа е и повеќе од евидентно и не треба некоја мулти милионска студија за истото да се докаже.
Акцизата на горивата не е никаква мерка за решавање на проблемот со загадувањето. Но намалување на потребата за користење на возило за секакви банални работи е мерка која ќе влијае кон почитување на околината во која што живееме.
Јавниот превоз потребно е да биде поредовен, поефтин и точен. Велосипедската инфраструктура треба да се подобри и да се овозможи полесно користење на велосипеди низ поголемите градови во Македонија.
Сите овие мерки не се прават преку ноќ. За да ги имам овие мерки денес, потребно беше пред 10 години истите да бидат спроведени.
Ама ние одлучивме да имаме бронзен коњ на плоштад во Скопје, бродови во Вардар, наместо да инвестираме во Соларни централи, ветерници, гасовод, инфраструктира за велосипеди.
Нити претходните, ниту сегашниве уживатели на фотељи не прават ништо конкретно за решавање на проблемите, или барем на придвижување на работите во коректна насока.
А народ, како народ, се пали на акциза на дизел, сере дека е загадено се околу него ама затнува ДПФ филтер, става плочки на ЕГР вентил, не го дава името на Македонија, а колата што ја вози му е на бугарски табли.
И така.
Среќна Нова Година.