Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1519860 пати)

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Цена на горива
« Одговори #8265 на: 01 Јануари 2018, 20:25:19 pm »
Исто ко бесплатен автобуски превоз како што нема ефект или казни за колефарски огнови.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4000
Одг: Цена на горива
« Одговори #8266 на: 01 Јануари 2018, 20:30:37 pm »
Ако сакаат да го решат горивото за земојделски потреби ќе го решеа и до сега. Голем број од давачките кои се наменети за транспортниот сегмент можат да се укинат. Ама ете не сакаат. А земојделците нем да купат трактори на бензин ако имаат на дизел бидејќи нема да имаат пониска цена за „орање“. Хрватите веќе го имаат повластеното користење на гориво - „плави дизел“. http://www.radiosamobor.hr/2014/05/09/po-plavi-dizel-u-breganu/

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Цена на горива
« Одговори #8267 на: 01 Јануари 2018, 21:08:21 pm »
Еве да се сложиме дека државата треба да ја намали акциза на бензинот и да почне да го субвенцонира инсталирањето на плински уред како еко мерки.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Цена на горива
« Одговори #8268 на: 01 Јануари 2018, 21:22:27 pm »
Резил муабет. Жалосно што се пишува тука.
Баш објасни што е резилот?
Дека нафтата, горивото водач на транспортот и економијата, треба да поскапува повеќе од бензин, горивото дефиниција за луксуз.

И тоа замотано во приказни дека тоа е добра работа, само за да се задоволат некои сфаќања добиени од БензинВСдизел темата во стилот на "сега да ве видам" на сметка на поскапување на се во државата.

Фасцинантни муабети. Да ни цркне козата на сите е муабетов.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4000
Одг: Цена на горива
« Одговори #8269 на: 01 Јануари 2018, 21:32:56 pm »
Акцизата е давачка која по дефиниција е давачка на луксуз. Сите останати фасцинации врзни со „да му цркне све“ воопшто немаат никаква потркепа во сваќањето од темата бензивсдизел. Екомомијата се решава со други мерки а не со нерамноправно даночење за „ист“ производ.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #8270 на: 01 Јануари 2018, 21:44:45 pm »
Да се навратиме на „еколошката“ мерка:
Цитат
Колку пари државата ќе ќари?
Од поскапувањето на цените на дизелот и нафтата за греење во буџетот ќе влегуваат по 100.000 евра дневно повеќе отколку досега
Објавено на 16 ноември 2017 година
И официјално процедурата за зголемување на акцизите за дизел горивото започна - владата ги одобри измените на законот за акцизи, со кои се предвидува тие за дизел горивото и нафтата за греење да се зголемат за 3 денари, што кумулативно заедно со данокот на додадена вредност ќе изнесува поскапување на овие горива за 3,54 денари. Придонесот на оваа мерка за кондицијата на буџетот на Република Македонија за идната година ќе биде значителен. Имено, според податоците на регулаторната комисија за енергетика, лани имаме потрошено 574.514 тони еуродизел, 2.879 тони биодизел и 57.513 тони нафта за греење, односно вкупно некаде околу 635 милиони литри. Според тие податоци, нашиот буџет за догодина само од поскапувањето на цените на дизел горивото и нафтата за греење ќе се здебели за нешто повеќе од 2,2 милијарди денари, односно за повеќе од 36 милиони евра. Или по 100.000 илјади евра дневно.

Добра сума, мора да признаеме, но колку секој од нас ќе учествува во неа? Статистиката не знае колку од автомобилите во Македонија се со дизел мотор и колку километри тие поминуваат. Затоа ќе претпоставиме дека секој возач со ваков автомобил прави годишно по 15.000 километри, трошејќи на секои 100 километри по 7 литри дизел. Тоа би значело дека годишно тој ќе мора да купи 1.050 литри гориво, за кое ќе плати околу 60 евра повеќе отколку сега. Или, по отприлика 300 денари месечно.
http://www.avtomagazin.com.mk/kolku-pari-drzavata-kje-kjari.nspx


BTW, ми се допаѓа она 100 илјади илјади евра дневно :D Ме потсети на Austin Powers

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1880
Одг: Цена на горива
« Одговори #8271 на: 01 Јануари 2018, 21:47:41 pm »
Како што државиве сакаат само да цицаат пари од народот, ништо чудно да се воведе и посебна тарифа на струјата кога ќе дојдат електричните автомобили. За дизел вс бензин да не збориме, кога сакаат префрлање на плин и бензин од дизел, намали цената на бензинот, олесни давачки при увоз за бензинци, па ќе си се пресметаат дали ќе вози дизел посебно поголемиот дел што купуваат дизел а го цепаат низ град од овде до онде.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Цена на горива
« Одговори #8272 на: 02 Јануари 2018, 07:45:38 am »
За сегашни 8 денари разлика дизел со 95-ка, јас ни плин не ставам.

Присутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Цена на горива
« Одговори #8273 на: 02 Јануари 2018, 08:14:52 am »
Резил муабет. Жалосно што се пишува тука.
Баш објасни што е резилот?
Дека нафтата, горивото водач на транспортот и економијата, треба да поскапува повеќе од бензин, горивото дефиниција за луксуз.

И тоа замотано во приказни дека тоа е добра работа, само за да се задоволат некои сфаќања добиени од БензинВСдизел темата во стилот на "сега да ве видам" на сметка на поскапување на се во државата.

Фасцинантни муабети. Да ни цркне козата на сите е муабетов.

Акцизата е давачка која по дефиниција е давачка на луксуз. Сите останати фасцинации врзни со „да му цркне све“ воопшто немаат никаква потркепа во сваќањето од темата бензивсдизел. Екомомијата се решава со други мерки а не со нерамноправно даночење за „ист“ производ.


Нафтата и бензинот треба да имаат иста малопродажна цена. Без разика дали ќе се намли акциза за бензин или ќе се зголеми за дизел. Цената на овие два енергенси како и секаде во Западна Европа треба да биде иста.

Бидејќи нафтата се користи како основен ресурс за придвижување на земјоделие, транспорт, индустрија нека постои индустриска нафта (исто како што постои индистриска струја) каде што цената ќе биде пониска од малопродажната, но условите под кои ќе се точи оваа нафта и количините кои ќе бидат повластени за секој земјоделец, транспортер и сл. треба да бидат ограничени и контролирани. Намерно велам ограничени затоа што потребно е да се воведе строга контрола на вистинската примена на оваа нафта. Кај земјоделците може лесно да се направи пресметка колку нафта ќе следи по површина обработливо земјиште или култура која се одгледува, кај транспортерите поминатата километража на секое возило треба да соодејствува со количината на потрошена нафта. Се разбира дека овие количини нема да бидат пресемтани до капка и дека квототе би биле флексибилни со цел да се покријат загубите заради стара механизација и слично.

Со ваквите контроли би се минимизирале ситуациите каде што земјоделец или транспортер ќе си зима субвенционирана нафта како средство за работа и ќе си го вози Голфот ТДИ со истата нафта, затоа што му се може, или па во идеалната економска варијанта истата нафта би ја шиткал 5 денари поефтино од малопродажната цена.

Бидејќи нашава земја спаѓа во земја од третиот свет каде што социјалната свест за заштита на околината во која живееме не постои, потребно е да се воведат драстични мерки за да почне самосвеста да функционира. Главниот загадувач на животната средина е огревното дрво, тоа е и повеќе од евидентно и не треба некоја мулти милионска студија за истото да се докаже.

Акцизата на горивата не е никаква мерка за решавање на проблемот со загадувањето. Но намалување на потребата за користење на возило за секакви банални работи е мерка која ќе влијае кон почитување на околината во која што живееме.

Јавниот превоз потребно е да биде поредовен, поефтин и точен. Велосипедската инфраструктура треба да се подобри и да се овозможи полесно користење на велосипеди низ поголемите градови во Македонија.

Сите овие мерки не се прават преку ноќ. За да ги имам овие мерки денес, потребно беше пред 10 години истите да бидат спроведени.

Ама ние одлучивме да имаме бронзен коњ на плоштад во Скопје, бродови во Вардар, наместо да инвестираме во Соларни централи, ветерници, гасовод, инфраструктира за велосипеди.

Нити претходните, ниту сегашниве уживатели на фотељи не прават ништо конкретно за решавање на проблемите, или барем на придвижување на работите во коректна насока.


А народ, како народ, се пали на акциза на дизел, сере дека е загадено се околу него ама затнува ДПФ филтер, става плочки на ЕГР вентил, не го дава името на Македонија, а колата што ја вози му е на бугарски табли.

И така.


Среќна Нова Година.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4000
Одг: Цена на горива
« Одговори #8274 на: 02 Јануари 2018, 10:20:43 am »

Нафтата и бензинот треба да имаат иста малопродажна цена. Без разика дали ќе се намли акциза за бензин или ќе се зголеми за дизел. Цената на овие два енергенси како и секаде во Западна Европа треба да биде иста.

Акцизата за горивата кои се користат за "широка" потрошувачка има смисла да ја модифицираат конкурентноста доколку се стимулира екстерна мерка. Со оглед дека дизелот не загадува помалку од бензинот, или односот на генерирани штетни матери е тука некаде, нема реална основа да се стимулира. Па цената на горивата со оваа намена треба да зависат претежно од производната цена, а оданочувањето да е потполно исто. За плинот има добри причини да се стимулира како погонско гориво.

Бидејќи нафтата се користи како основен ресурс за придвижување на земјоделие, транспорт, индустрија нека постои индустриска нафта (исто како што постои индистриска струја) каде што цената ќе биде пониска од малопродажната, но условите под кои ќе се точи оваа нафта и количините кои ќе бидат повластени за секој земјоделец, транспортер и сл. треба да бидат ограничени и контролирани. Намерно велам ограничени затоа што потребно е да се воведе строга контрола на вистинската примена на оваа нафта. Кај земјоделците може лесно да се направи пресметка колку нафта ќе следи по површина обработливо земјиште или култура која се одгледува, кај транспортерите поминатата километража на секое возило треба да соодејствува со количината на потрошена нафта. Се разбира дека овие количини нема да бидат пресемтани до капка и дека квототе би биле флексибилни со цел да се покријат загубите заради стара механизација и слично.


Не треба далеку да се оди за да се најдат примери во кои има мерки за да се отстранат или намалат ефектите од несоодветно оданочување на погонско гориво во индустрија, земјоделство, пловење по воид итн. Далеку подобри ќе бидат ефектите за земјоделците ако таква нафта се употребува, наместо оваа која ја плаќаме сите за возење "вамте-тамте", оти таа никогаш нема да биде ослободена од давачки за патишта, ддв и акциза.

Е сега, одма првата мисла е како да увезам Мерцедес до 3 литарски дизел за да си го возам со горивото за трактор. Но реално нивото на злоупотреба може да се намали со ограничување на вакво субвенционирано гориво.

Хрватска има воведено "плав дизел". Србијаима воведено поврат на акциза за утврдена квота на гориво итн.

Со ваквите контроли би се минимизирале ситуациите каде што земјоделец или транспортер ќе си зима субвенционирана нафта како средство за работа и ќе си го вози Голфот ТДИ со истата нафта, затоа што му се може, или па во идеалната економска варијанта истата нафта би ја шиткал 5 денари поефтино од малопродажната цена.

« Последно менување: 02 Јануари 2018, 11:03:07 am bramovsk »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Цена на горива
« Одговори #8275 на: 02 Јануари 2018, 10:30:50 am »
1. Загадувањето не е од возилата кај нас. А и да е, тоа се решава со EURO4,5,6 мерки како и секаде на светов.

2. Парискиот договор кој е основа на дејствијата за следниве 20 години форсира возила со низок CO2 како дизели, како и електрични возила. На сметка на намалување на употреба на возила со висок CO2 како плин и бензин.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14708
Одг: Цена на горива
« Одговори #8276 на: 02 Јануари 2018, 10:50:32 am »
Од сите мерки што можеа да ги донесат за намалување на загадувањето, ја одбраа најглупавата!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Цена на горива
« Одговори #8277 на: 02 Јануари 2018, 10:53:38 am »
Мерката е за полнење на буџет. Си кажаа јасно и гласно и као плус и за загадувањето се уфрли вез потреба

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Цена на горива
« Одговори #8278 на: 02 Јануари 2018, 10:59:45 am »
1. Загадувањето не е од возилата кај нас. А и да е, тоа се решава со EURO4,5,6 мерки како и секаде на светов.

2. Парискиот договор кој е основа на дејствијата за следниве 20 години форсира возила со низок CO2 како дизели, како и електрични возила. На сметка на намалување на употреба на возила со висок CO2 како плин и бензин.
CO2 како гас нема никаква врска со загадување. Тој е само показател за потрошена енергија. CO2 и други "стакленички" гасови ја уништуваат озонската обвивка и се глобален проблем. Ние овде имаме локален проблем со труење од се и сешто. Најмалку битно е произведување на CO2. Битно ни е чад, NOx, SOx и други глупости кои овие модерниве дизели ги испуштаат увелико, макар имале и еуро 10, DPF итн...

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4000
Одг: Цена на горива
« Одговори #8279 на: 02 Јануари 2018, 11:09:44 am »
Мерките за намалување на CO2 како најсериозен гнереатор на ефект на стаклена бавча немаат многу смисла ако само се форсира употреба на возила со пониска емисија. Треба да се води сметка многу за тоа колку е вкупниот CO2 траг кој поединечно се остава.

Во таа смисла субвенционирање на електрично возило кое има "футрпинт" далеку поголем заради неговото производство или возење 20 патиповеќе отколку некоја "плинара", ја промашува темата на Парискиот договр.

Кај нас проблемите со загадување кои мора да се адресираат примарно се локалните концентрациии на отрови директно опасни по живот а не CO2.