Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1520712 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #8145 на: 13 Ноември 2017, 22:51:01 pm »
3 години има кај што возам, преку 20 пати ме имаат застанато па досега никој не ми побарал резерва сијалици, прва помош, зелен елек, трокут, книшка за негативни поени...

Заминавме офф топик али ајде...
Затоа викнале џандари од Охрид, пошто кичевскиве не си ја бркале работата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5930
Одг: Цена на горива
« Одговори #8146 на: 13 Ноември 2017, 22:56:32 pm »
Епа цигара да ти побарат ко ќе те застанат :Д мене уште повеќе ќеф ми е ко ќе се запни некој  за се оти се носам :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Цена на горива
« Одговори #8147 на: 13 Ноември 2017, 22:59:10 pm »
Ако сака ќе ти најди нешто, ич не се секирај  :D :D

Сега гледам цена на горивава низ европа.. Бугарија, косово, албанија, романија цените на нафтата и бензинот се исти.. Швајцарија па бензинот е поевтин...

Ако им пречи разликата во цена, зошто не ја намалат цената на бензинот кај нас па да се израмнат..

Или муабетот дека сме возеле најевтино гориво во регионот.. Нај евтино да, али воедно и најголемото ѓубре...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Цена на горива
« Одговори #8148 на: 13 Ноември 2017, 23:10:25 pm »
Ако си казнува соодветно така требит исто како и во секој друг град
Да али во најнепроодното уличе низ градов да ти брои игли во брза помош ? Каиш да имаш врзано ? Резерва сијалици ? Зелен елек ? Све до детал..
Оти ти ко ќе влагаш ви некој сокак ги оставаш негде сијалиците дигалката резервната..?
Инаку поливината од друг град е за да не му е незгодно да те реп ит дека ти бил братучед...

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Цена на горива
« Одговори #8149 на: 14 Ноември 2017, 00:27:49 am »
3 години има кај што возам, преку 20 пати ме имаат застанато па досега никој не ми побарал резерва сијалици, прва помош, зелен елек, трокут, книшка за негативни поени...

Заминавме офф топик али ајде...

А сега ти побараа се ова или си чул од некој што се знае со брат му на еден што има видено како некој друг го сопираат?

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4021
Одг: Цена на горива
« Одговори #8150 на: 14 Ноември 2017, 00:33:52 am »
3 години има кај што возам, преку 20 пати ме имаат застанато па досега никој не ми побарал резерва сијалици, прва помош, зелен елек, трокут, книшка за негативни поени...

Заминавме офф топик али ајде...
Затоа викнале џандари од Охрид, пошто кичевскиве не си ја бркале работата.

Секогаш кога ме застанеле последниве неколку години ми бараат книша за поени. Прва помош и триаголник си има колата од фабрик(би требало и твојата да има)
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Цена на горива
« Одговори #8151 на: 14 Ноември 2017, 00:36:43 am »
Бараат, али не дека ќе ти ги брои сијалиците или па дека ќе те замара оти имаш х1 резерва а уствари коростиш х4... али игли дека ќе брои... нити па датум на прва помош...

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Цена на горива
« Одговори #8152 на: 14 Ноември 2017, 00:46:59 am »
Па затоа прашувам, дали имаш директно искуство или е само рекла казала? Овој муабет со "абе го запрел џандаро и му броел безопасне, абе озбилно брат, нема да ме лаже, и негу му кажал некој што не би го лажел и видел како на друг му проверуваат", ми е класичен рекла-казала муабет што се врти со години. Уште од тито го памтам дека го правеа муабетов на слава кога ке отидевме некаде.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Цена на горива
« Одговори #8153 на: 14 Ноември 2017, 00:55:23 am »
Чим од тогаш просперира, дрмжи вода, јак муабет :) Инаку сосем е во ред да чуваш резервни делови, како сум си се пцуел за еден осигурач... па ајде импровизирај со жици, прај глупости... а 20 денари е нај скапиот :)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30072
    • CARclub.mk
Одг: Цена на горива
« Одговори #8154 на: 14 Ноември 2017, 07:16:29 am »
Ако си казнува соодветно така требит исто како и во секој друг град
Да али во најнепроодното уличе низ градов да ти брои игли во брза помош ? Каиш да имаш врзано ? Резерва сијалици ? Зелен елек ? Све до детал..

- Каиш? Секако. Секаде, и до продавница. Едноставно, мора.
- Резерва сијалички? Да. Не само што е законска обврска, туку е и практично да ги имаш. Што ако возиш некаде богу-иза-трегера и ти цркне сијаличка?
- Зелен елек веќе не е законска обврска, но повторно, практично е да го имаш ако си ноќе во неосветлна околина.
- Пакет за прва помош е законска обврска, но колку што знам не е стриктно дефинирано што треба да има во него.

Тоа дека го тупат џандари, го тупат, но за вакви работи барем, здравиот разум би требало да ти е поважен од законските обврски.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Цена на горива
« Одговори #8155 на: 14 Ноември 2017, 09:05:38 am »
Ја би додал и вода исто така, минимум 2л, ме остаи еднаш кола на аутопут од нервоза дехидрирав додека дојде амсм со шлеп едно саат време минимум.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Цена на горива
« Одговори #8156 на: 14 Ноември 2017, 09:25:13 am »
интересно прашање дали во мало уличе требало да ти бара сиалички, каиш и слично.

зошто лугево кога влагаат во кола, вика а денес до онде само одам да ги извадам овие тракатанциве, триаголник прва помош да не тежат шо ке ми се, па кога ќе одам негде далеку ќе ги вратам

јако, јако

Присутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Цена на горива
« Одговори #8157 на: 14 Ноември 2017, 09:38:22 am »
Ако си казнува соодветно така требит исто како и во секој друг град
Да али во најнепроодното уличе низ градов да ти брои игли во брза помош ? Каиш да имаш врзано ? Резерва сијалици ? Зелен елек ? Све до детал..

- Каиш? Секако. Секаде, и до продавница. Едноставно, мора.
- Резерва сијалички? Да. Не само што е законска обврска, туку е и практично да ги имаш. Што ако возиш некаде богу-иза-трегера и ти цркне сијаличка?
- Зелен елек веќе не е законска обврска, но повторно, практично е да го имаш ако си ноќе во неосветлна околина.
- Пакет за прва помош е законска обврска, но колку што знам не е стриктно дефинирано што треба да има во него.

Тоа дека го тупат џандари, го тупат, но за вакви работи барем, здравиот разум би требало да ти е поважен од законските обврски.

За тупење секогаш има некој.
Инаку во потполност се слагам со тебе, освен за сијаличките.
Скоро сите нови возила почнаа да вградуваат LED сијалици, а оние пак кои немаат LED, промената на рецимо средно светло е комплицирано и треба да се прави во сервис. На некои возила е потребно да се извади фар. И како ке помогне тоа што ако јас имам резервна сијалица а колата ми има LED-ови? Пример за новиот пасат, еве како оди процедурата за промена на сијаличка:

 

А што правиме за цената на чинење на сијаличките?

Глупост е сијалица да се чува, и тој закон треба да се смени.
Заради безбедноста во сообраќајот, да, се слагам да се казнат несовесните возачи со изгорено светло, но за тоа да постои начин. Пример, те сопира полиција, забележува неисправност на возилото и ти зима лични податоци, значи си евидентиран во базата. Следно сопирање и проверка на твојот акаунт, дека си добил предупредување за нешто, а не си го средил, ке бидеш казнет. Ова е потребно заради тоа што кај нас луѓето се неодговорни, па ако полицијата те пушти, јас сум убеден дека само 5% од 100% ке го одстранат дефектот во рок од 5 дена. Нормално постојат исклучоци, кои ке бидат потврдени и образложени.

Инаку јас во кола си носам и сијалица на кабел, штеклампа, чисто од кај знам што све може да се задеси на пат. Ако ништо друго ке мафтам со неа за да бидам виден.

Елечето е добро заради лична заштита кога се излегува на пат, автопат и слично. Многу си поприметлив така, + флуоросцентните ленти. Добро е да се носи.

За се има решение
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Цена на горива
« Одговори #8158 на: 14 Ноември 2017, 09:55:03 am »
Дечки, многу сте офф топик :):)
Генерално, да знаете дека цената на горивата за 2018г во МК осетно ќе пораснат. Тоа е препорака од ММФ а нашиве полтрончиња од политичари слепо следат и спроведуваат. Истото ќе биде и со даноците. Тоа дека сме возеле најевтино гориво во европа е прикаска за мали деца, пошто споредбата не оди директно со цените, туку се споредува во сооднос со БДП или пак со просечната плата. Ако направиме таква споредба, неќебиде дека возиме најевтино гориво во Европа.
Кој ни е крив што не сме ко Полска или Грција па за секое поскапување или качување данок да се направат генерални штрајкови. Јас незнам досега некој да направил генерален штрајк па независно дали се СДС или ВМРО.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Цена на горива
« Одговори #8159 на: 14 Ноември 2017, 10:24:06 am »
ај на ММФ е сега препорака, значи секаде цената останува иста а кај нас се зголемува така некако те разбирам?

бидејќи ММФ така сака, не дека нафтата глобално ќе поскапува дека на Арапите им текнува да не произведуваат за да си прават поголем профит

некако излегува дека за се што се случува или ВМРО или СДСМ се криви.

Па дај да ги стреламе бе дечки ако тоа е проблемот.