Ти не го читаш соопштението а?
Еве цитат:
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 11.07.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,272%, кај дизелот за 2,286%, кај екстра лесното масло за 1,722% и кај мазутот за 3,656%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Значи, батали барел сировина. Нафтен дериват се купува и се тргува. За сировината, рафинериите ќе се грижат. Тоа е само глобален индикатор во кој правец ќе се движат цените.