Мерцедес: Го знаеме „трикот“ на Ред Бул
Спортскиот директор на Мерцедес, Тото Волф, кој пред летната пауза беше изричит дека не треба да се ризикува во борбата за титулата оваа година со идеја да се има повеќе време за работа на проектот во 2014 година, сега најави релокација на одредени ресурси за последните трки сезонава.
Оваа изјава на првиот човек на германскиот тим доаѓа откако Ферари благо се одвои во борбата за второто место кај конструкторите, а Лотус Рено се повеќе им се приближува со освојување на четири подиуми во последните две трки. Според написите во медиумите, она што беше сомнително околу звукот на моторот од Рено во болидот на Фетел, се должи за софтвер за мапирање на работата на моторот.
- Ред Бул направи голем чекор напред од трката во Сингапур. Мора да анализираме што е тоа. Мора да најдеме што нас ни недостига. Мислиме дека знаеме што прават. Прашање е само дали имаме ресурси за да имплементираме нешто во последните четири трки. Можеби ќе мораме да реалоцираме одредени ресурси,- рекол Волф за германскиот магазин Ауто, мотор унд шпорт.
Според новинарите на овој медиум, за такво нешто потребни им се тест-машини, кои сега се зафатени со испробување на шестцилиндричниот турбо мотор кој го подготвуваат за 2014 година.
