Зборете што сакате, Фетел извозе маестрално. Чекаше шанса, држеше дистанца и чуваше гуми кога неможеше да помине, а потоа кога стави нови гуми, во првиот обид го помина Грожан. Го стигна и го помина, без да губи време позади него, го намести на последната шикана и на правецот го помина без да го уклучи DRS системот.
За разлка од него Вебер кој и покрај тоа што имаше помеки гуми, а Грожан беше со неколку круга постари гуми по претекнувањето на Фетел изгуби неколку круга за да го помине. Делумно причина за ова беше несоодветното задно крило, но и тоа е дел од тркањето, да го одбереш правилниот сетап.