Само спомнаа, не дадоа детали.
Иначе има логика, во неколку наврати им цркиња керсот.
Се се тоа шпекулации извадени од едно мосто, препишани на 100 портали со други зборови.
Фетел без керс извади второ време на Сузука. Не верувам дека до тоа е предноста. Проблемите со керсот на Редбул се најверојатно заради покомпликуваното пакување за да се добие поаеродинамичен облик во задниот дел. Тоа е проблем што го влечат и низ изминативе сезони. Секогаш имале најголеми проблеми со тој систем.
Најголемата предност мислам дека им е во дифузерот и ефикасноста на таа воздушна завеса која ја произведуваат од издувните гасови, која им овозможува поефикасен дифузер кој работи предвидливо и покрај висината која ја има заради аголот на шасијата.
Се се тоа финеси и другите тимови се обидуваат да го постигнат истото, но Редбул во моментов е најдобар во тие работи.