Ferrari ја истражува причината за лошата форма
Тимскиот шеф на Ferrari, Стефано Доменикали, kaj своите технички шефови нарачал детална истрага за причината за нивната лоша форма на последната трка во Унгарија.
Во последните две сезони тимот од Маранело во трката има подобра форма отколку во квалификациите и верува дека главната причина за губењето на битката за титулата е нивната лоша стартна позиција. Како и да е, на последната трка во Унгарија тие имаа и лоша тркачка форма и Алонсо мораше да се задоволи со 5-тото место.
Една теорија за нивната лоша форма вели дека причината лежи во враќањето на структурата на гумите од минатата сезона. Доменикали вели дека причината за лошата форма мора да биде дефинирана до следната трка во Белгија и сака да знае дали за тоа се виновни само новите гуми на Pirelli.
“Видовме дека е зголемена разликата во однос на нашите ривали и е поголема од што беше на почетокот од оваа сезона. Во текот на трката во Унгарија видовме дека го немаме она темпо што очекувавме да го имаме, ниту со меката ниту со медиум компонентата на Pirelli. Мораме да знаеме дали причината за лошата форма се новите гуми и како да реагираме на тоа бидејќи тие ќе се користат до крајот на оваа сезона.” – изјави Доменикали.
“Во тој случај, до крајот на оваа сезона нашето темпо најмногу ќе зависи од изборот на компонентите. Тоа е работа која што мораме да ја анализираме многу внимателно – како што видовме Mercedes успеаа да го решат својот проблем.”
“По добрите трки во Германија и на Силверстоун, во однос на нашите перформанси во текот на трката, успеавме да го подобриме нашето квалификациско темпо, но не и тркачкото. Имаме одредена програма што ја подготвуваме за на Спа и се надевам дека ќе функционира како што треба. Нема причина за да се чувствува негативен притисок. Очекувам реакција од нашата техничка група и тоа е она што е најважно.” – заклучи шефот на Ferrari.
http://www.brzkrug.com/avto/f1/12225-ferrari