Победи тој што најмногу заслужи да победи овој викенд. Беше најбрз на сите тренинзи, освои пол, победи. Секоја чест. Којзнае какво е чувството да знаеш дека пред 30 години татко ти победил на истата трка, а сега си и ти дел од историјата. Криво ми е што ја утнаа со Хамилтон работата, ќе си имаа глатка 1-2 победа.
Очекував да прочитам нешто за Ферариво, за Алонсо, дека нешто не било во ред, ама не наоѓам. Ме разочара. 3 пати да де поминат во Монте Карло... ај Перез, ама Сутил на кое место го помина..
Разочарување во секој поглед. Секоја чест за храброста на Перез во текот на трката, ама ќе мора друг пат и малку мозок да уклучи. Муда има, храброст има, само малку памет и му претстои светла иднина.
Али чекам со нетрпение Канада.
Еве го делот што не го видовме на ТВ:
How to win by Kimi
