Во ниеден момент не реков дека некој е луд што навива за Ферари и Алонсо, само у еден пост мислам дека прашав како може да навивате за Алонсо и толку да го браните, кога сигурно сте го мразеле од дното на душата кога возеше за Рено и Мекларен?
Јас не плукам по други само имам свој став дека на Ферари им избегаа работите од контрола и дека мора под итно нешто да превземат за да се вратат на старите патеки.
Тоа дали ги бива Ферари или не, е мое лично мислење, како што твое лично мислење е дека Фетел не го бива. Разликата е тоа што тебе Фетел те побива со неговите 3 титули по ред, а мене Ферари ми дава поткрепа со тоа што не можат титула да освојат веќе 5 години и продолжуваат да праат глупости(планираа Алонсо да остане со скршен спојлер уште 5 круга). Работата е што на крај на сезона ако не освојат титула за малце, пак ќе им биде некој друг крив, а не самите затоа што направиле ужасна грешка.
Ги читнав постовите набрзинка иако ти треба да го докажеш тоа што го тврдиш, и никаде во моите постови не го најдов следново:
"Загрозен си од некоја причина, не знам зашто. Најбитно е Ферари а изгуби или да докажеш дека се лош тим, дури и побитно од тоа твојот фаворит да победи."