Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178678 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #465 на: 11 Август 2014, 19:24:04 pm »
Р'мбаме по 10 саата на ден, кога ќе ме видиш..

:P

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #466 на: 11 Август 2014, 20:34:16 pm »
Za plinot si greska, 350 km gradska so 1200 denara plin po 38den ne e mala rabota, e sea kako ke se odrazi na motorot neznam

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #467 на: 11 Август 2014, 20:37:58 pm »
Знам дека е евтино, ама штознам..

Е па тоа е маката, како ќе се одрази на моторот на подолг рок.

Како што возиме по една кола по 20 години..

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #468 на: 11 Август 2014, 21:26:18 pm »
Ние не знајме утре шо ке биде па саа после 20години

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #469 на: 11 Август 2014, 21:33:06 pm »
Јас лагам да ваѓам душа уште едно 90 години..

:P

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #470 на: 11 Август 2014, 23:32:05 pm »
Знам дека е евтино, ама штознам..

Е па тоа е маката, како ќе се одрази на моторот на подолг рок.

Како што возиме по една кола по 20 години..

Тој Опелов мотор не би требало да има мака со плин, особено ако редовно си се одржава и се следат начела за чување на возило конвертирано на плин.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #471 на: 12 Август 2014, 12:10:08 pm »
Многу фактори би влијаеле на таква одлука, бар кај мене.

Прво, не би чачкал нешто што работи перфектно. Имам една девиза - ако било добро, таков уред би идел фабрички.

Второ - имам некоја природна одбивност спрема плин. Неможам ни да го мисирнам, а обично 90% од колите што се на плин и што се имам јас возено во нив, мирисаат на плин, во кабината. Не навлегувам од кои причини е тоа така.

Трето - незнам како тоа би имало влијание на подолг рок. Тешко дека во наредните 5 години ќе можам да си дозволам пак ново возило.

Четврто - чичко ми загина во возење, во кола, како директна последица на плин. Претходно, пријателче загина - од истата причина. И двете коли, односно остатоците од нив, како и остатоците од луѓето - најважно, по инцидентите можеше да се соберат во обично најлонско ќесе.

Неможам, бар не во моментов. Менталниот склоп ми има развиено одбрамбен механизам за кола на плин.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #472 на: 12 Август 2014, 12:59:23 pm »
Пребацено тука.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #473 на: 17 Август 2014, 12:32:34 pm »
Накршивме 50.000-ки.. Нека се множет.



SITREP: Се е пиичи, со неколку проблеми за оваа километража, што се санирани. Пет сервиси, еден сет гуми, просек некаде околу 8.300 километри годишно.

То е.

Си набавив и TW Zip Express Shine, пошто од Mafra Last Touch дефинитивно не сум најзадоволен. 250 денари.


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #474 на: 30 Август 2014, 12:57:37 pm »
Сервис број шест, 50.371 изминати километри (7.331 километри од последниот сервис, и една година), на 26.08.2014-та година. Вклучува:



- Масло OMV BIXXOL Special C3 5W30 dexos2 (3x1л + пола литро од лани останато), цена 1.650 денари
- Филтер за масло (Comline ЕOF201), добиен на замена
- Филтер за воздух (Hengst Е352L), цена 484 денари
- Филтер за полен (обичен, Hengst Е910LI), цена 573 денари
- Филтер за гориво (Hengst H110WK), цена 462 денари
- Батерија (далечински управувач), цена 15 денари
- Работна рака, цена 200 денари

Вкупно: 3.384 денари

Докоментовано.





Испран моторот, денес. Пред..



После..















Моторот е конзервиран со Sonax MOS2 Oil NanoPro.



Регистрирана на 19.08.2014-та, трошоци - 2.755 за регистрацијата + плус технички преглед, колку беа таму - 60 денари налепница,  110 денари такса, и 2.800 денари за надомест за јавни патишта (крв да им ебам), автоодговорност 4.172 денари, каско со 200 евра франшиза - 9.832 денари.

Налепницата е најголема глупост, морам да прокоментирам.

Резултати од техничкиот преглед:









Коментарот на техничарите таму - се е во тип-топ кондиција. Резултати карактеристични за ново возило.

И да се насереме во overall дојамот..



Некој точкаш му улетал на татко ми. Се да им ебам..

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Re: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #475 на: 30 Август 2014, 13:08:29 pm »
На здравје нека е, свака част како ја одржуваш и се тоа го документираш. Да те прашам само,  зошто го переш моторот, каде го переш и дали досега ти се јавил некој проблем поради тоа? Многу луѓе ми рекле дека не е препорачливо и нема потреба да се пере. Освен од естетска гледна точка и  што малку побрзо ќе се лади нема никакви придобивки. Можеш само проблеми да си направиш.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #476 на: 30 Август 2014, 13:24:56 pm »
Фала лепо. Трудимо се..

Моторот го перам пошто прво и основно - ми фали нешто во главата. Второ - естетски, исклучиво. Не очекувам никакви придобивки, освен насмевката кога ќе ја кренам хаубата, едно 2-3 месеци. После - пак е гнасотилаци.

Го перам кај другарчево што ми ја пере колата. Никаква сложена процедура, напрскува со активна пена насекаде, и само продувува со вапот. Се на се, едно 30-тина секунди операција. Ја палам одма после тоа, дувам со компресор секаде, посебно на лежиштето од бобината и џекчињата. Пребришувам со еленска околу. Работи - постигнува температура, и суши се, апсолутно. Работи во место сигурно едно 20-тина минути. Прскам од Сонаксот и бришам, за заштита и за сјај. Пак ја палам, да изгори фазлата од Сонаксот, едно 15-тина минути.

Четврти пат го перам - проблеми никакви. Не влегува толку вода под хауба да направи проблем. Бар не до сега.

И јас така имам слушнато - се од "експерти", ама еве, јас докажувам дека не е така. Сепак, секој со ризикот.

Ќе каже некој понова е колата, затоа нема мака. Да, ама и Стратро го переше на Калибрата, на овој принцип. Не се пожалил..

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #477 на: 30 Август 2014, 14:32:00 pm »
Следен сервис за една година или за 30 000 км, машала машала... Требало на 100 000 да заокружат :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #478 на: 30 Август 2014, 14:34:23 pm »
По сервисната, сервис се прави на 30.000 километри или 1 година, што и да настапи прво.

И сервисниот индикатор се пали после една година, и најверојатно после 30.000 километри.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #479 на: 30 Август 2014, 14:35:39 pm »
Така пишува? Дека се прави на 30 000 км? Премногу е тоа што знам.