Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 176398 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #315 на: 21 Декември 2013, 10:03:10 am »
Мислења се :) , колата има многу „детски болести“ за кои очекував дека ќе ги нема после 10 години производство ама веќе се спомнати на темава нема потреба да ги повторувам.

Браво, подобро и неможе да се каже. Детски болести, пар екселанс.

И јас на таа карта играв - си викам, ај бе, постар модел, тоа значи дека имале доволно време да ги увидат сите маани и да ги отстранат.

Они штеделе..

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #316 на: 21 Декември 2013, 20:15:12 pm »
Тоа што викате со пластиките да крцаат еве кај мене нема ништо да тропне крцне  а колата е од првите астри г од 98 година можеби зависи од тоа каде е произведена, инаку караваните претежно се склопени во германија бохум можеби тоа е најважно.А за гуми јас кога ја купив колата пред 2 3 месеци имаше нови корморан рун про B и супер се, не се бучни супер држат правец и на големи брзини а верувам не се скапи така да секоја препорака  ;)


Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #317 на: 21 Декември 2013, 20:41:12 pm »
без навреда,али чим корморан ја класифицираш за ТОП гума,толку и астрата не "крцка"

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #318 на: 21 Декември 2013, 20:47:43 pm »
без навреда,али чим корморан ја класифицираш за ТОП гума,толку и астрата не "крцка"

Damn!

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #319 на: 21 Декември 2013, 21:12:01 pm »
Classic моделите не се склопуваат во Германија и се користат генерално поефтини материјали во ентериерот. Од таму доаѓа и цената, за оваа незнам меѓутоа Astra Classic III и тоа со 1.6 (115hp), клима и mp3  e 9.990 € на ново! Beat that. Спарк е толку... а далеку е и од овој квалитет.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #320 на: 21 Декември 2013, 21:13:20 pm »
Made in Poland.

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #321 на: 21 Декември 2013, 21:14:21 pm »
И мојата астра ни крца ни тропа,чудно ми е овака шо пишете јас ја имам веке 4 години и не сум приметил ништо,иначе е 99 година

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #322 на: 21 Декември 2013, 21:17:04 pm »
Да појасниме - Астра Г (1998-2004) и Астра Класик 2 (2004-2009) се тотално, тотално различни возила, ако се има предвид користените материјали за производство на истите.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #323 на: 21 Декември 2013, 21:20:36 pm »
Made in Poland.

Цитат
The manufacturing of Astra Sedan continued at Opel's Gliwice plant in Poland after the debut of the next-generation Astra H, with the older model being branded as Astra Classic in a similar fashion to its predecessor, catering to the lower end of the market. This car was offered in Central and Eastern Europe, as well as Turkey with the name Astra Classic II from 2004 to the end 2009.

Да појасниме - Астра Г (1998-2004) и Астра Класик 2 (2004-2009) се тотално, тотално различни возила, ако се има предвид користените материјали за производство на истите.

Тоа е тоа, меѓутоа не се грижи, не се некои големи проблеми, вози ја и уживај. Проблемите во ентериерот се решаваат. 8)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #324 на: 21 Декември 2013, 21:22:42 pm »
Знам, не ми треба Википедија да ми каже - имам тон налепничиња мали, педерски Мејд ин Поланд, низ цела кола.

Почнаа да се одлепуваат.. А тоа можеби е и добра работа. :P

Ах, не и се секирам, баш сеа сме во еден период од година дена кога "евритинг ис пиичи". Ништо не и фали, само сеа кога залади, осетив малку повисока потрошња, али ништо страшно.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #325 на: 21 Декември 2013, 22:36:24 pm »
Абе тоа дали ќе крцка или не најмногу зависи од тоа кај е возена, по каков пат. Неможи кај мене каде што улицата не беше асвалтирана од пред 20 години, дупки и испукана беше цела улица се до лани, па и уште имаше 500 метри калдрма од онаа големата да ја поминвам и 5 години секој ден по ред барем 10 пати во денот го врвеше тој пат, да не крцка колата... или пак да ја споредам со иста таква увезена од пред 1 година која таму дупка осетила еднаш во годината. Возија само по нов пат нема да прокрцка и 50 години да е стара.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #326 на: 21 Декември 2013, 22:53:20 pm »
Така е. Колава е возена најмногу низ калдрма. Кој бил во Богданци, знае.

Ама, проблемот е што многу рано прокрцка. Знам коли со дупла километража од мојата, па тек покажуваат знаци на крцкање.

Нешто "од мајка" не е во ред со колите како мојата.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #327 на: 22 Декември 2013, 00:14:13 am »
Тоа што викате со пластиките да крцаат еве кај мене нема ништо да тропне крцне  а колата е од првите астри г од 98 година можеби зависи од тоа каде е произведена, инаку караваните претежно се склопени во германија бохум можеби тоа е најважно.А за гуми јас кога ја купив колата пред 2 3 месеци имаше нови корморан рун про B и супер се, не се бучни супер држат правец и на големи брзини а верувам не се скапи така да секоја препорака  ;)

Не е гумата пијана па да неможе да држи правец. Кај најде жити се некој во светов да коментира држење на правец.
Гумата се оценува според држењето во кривини.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3896
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #328 на: 22 Декември 2013, 00:31:15 am »
Classic моделите не се склопуваат во Германија и се користат генерално поефтини материјали во ентериерот. Од таму доаѓа и цената, за оваа незнам меѓутоа Astra Classic III и тоа со 1.6 (115hp), клима и mp3  e 9.990 € на ново! Beat that. Спарк е толку... а далеку е и од овој квалитет.
Made in Poland.
ќе ве негирам одма у старт...

мојата е Classic III, и е произведена во Бохум.

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #329 на: 22 Декември 2013, 00:39:56 am »
Твојата е H они зборат за G.
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI