Тамам е муабетот, за Класик 2 се прави муабет. Duh..
За Класик 3, стварно незнам. Возев пред некое време, и освен лесниот волан и убавото чувство кое го дава кликот на ракетките зад воланот (интересно ми беше - пуштам брисачи, палицата се враќа во првобитната положба, не останува горе), друго нешто и не ми остави впечаток.
Колата имаше 900 километри на саатот, уште не крцкаше, ама мислам дека докај 20.000 ќе се раскрцка. Ја нема онаа цврстина на склопување, незнам.. А можеби и јас цепидлачам многу. Треба некој совесен клабер да провозам со мене во мојата, па да видам он што ќе каже - крцка многу или не. Може и мојата не крцка толку многу..
Изолацијата беше за нијанса подобра, ама камчињата ги слушав исто како кај мене. Гумите се нови, и тоа милсам дека игра голема улога - не беа бучни. Моторот - стварно некако млитав, ако е 1.6. Многу бедно повлекуваше, штознам.
И висо(ч)ка потрошувачка - испод 9 градска, по борд, тешко.