Бидна и сервисот, на
19-ти, во понеделникот. Направен на
43.040 километри -
8.818 километри по последниот, и се разбира - една година.
Променето:
1. Масло OMV BIXXOL Special C3 5W30 dexos2 (4x1л) - 2.200 денари
2. Филтер за масло (Hengst Е611H D122) - 393 денари
3. Филтер за воздух (Hengst Е352L) - 489 денари
4. Филтер за полен (обичен, Hengst Е910LI) - 619 денари
5. Филтер за гориво (Hengst H110WK) - 459 денари
6. Антифриз OMV Coolant SF (4x1л) - 980 денари
7. Глицерин OMV DOT 5.1 (4x0.25л) - 1.200 денари
8. Батерија (далечински управувач) - 70 денари
9. Работна рака - 1.200 денари
Вкупно: 7.610 денариСе помина во најдобар ред, за разлика од лани, на мое огромно задоволство, иако имаше многу, многу повеќе работа.
Се тоа документирано..
Регистрирана во средата - трошоци
2.890 денари, пошто годинава не правев технички. Извадена и полиса за
авто-одговорност - 4.480 денари, и осигурана
каско со 200 евра франшиза - премија од
9.832 денари.
Прво - да искоментирам за глицеринот.
КОЈ НЕ ГО СМЕНИЛ - ВЕДНАШ ДА ГО СМЕНИ, И ДА ГО МЕНУВА ВО ПРОПИШАН ИНТЕРВАЛ, ОДНОСНО НА ДВЕ ГОДИНИ. Имав купено литро (4х250ml), а се потрошија три шишенца, односно 750ml. Иако во системот собира само пола литро, едно паковење поебав фазла, ама ако - сега сум сигурен дека системот е добро прочистен.
Ова е стариот глицерин, фабричкиот. Милион гомна во него и темна, грда зеленкаста нијанса на течноста. За споредба - новата, беше бистра како вода.
Малку сум разочаран, од причина што мислев дека тресењето на ладен старт ќе го снема со промена на масло и глицерин (нели пошто куплунгот е хидрауличен и користи глицерин), ама се заебав - проблемот си остана.
Второ - антифризот. 5.6 литри собира системот според сите извори што ги прочитав пред сервисот. Јас размешав одприлика 60-40 антифриз-дестилирана вода, при што добив вкупно шест литри течност. Ме збунува тоа што ми останаа нешто помалку од 2.5 литри, што значи дека вкупно е досипано при промена нешто над 3.5 литри. Еве веќе пет дена од сервис, само еднаш досипав околу 100ml, и нивото во казанчето е константно ист и каде што треба да биде.
Ме интересира - дали е можно да има останато 2 литри од стариот антифриз некаде низ системот? Да кажам, овој новиот има поебачка темно розева боја, за разлика од фабричкиот, кој имаше праска боја.
Испран е моторот наредниот ден -
20.08, вторник. Конзервиран со
Сонакс МОС2 Оил НаноПро. Заборавив да сликнам состојба на моторот пред перење, ама беше валкан. Доста.
Испрано е и
подвозјето.
И трет ден имав забава, со
чистење на системот за вентилација и климата, како и со
чистење на бандажите и внатрешната страна од раткапните.
Саниран е и проблемот со
"цвлиењето" на моторчето од парното - го расштрафив, го извадив и го подмачкав со Сонаксот, од погоре. Сега не се слуша како работи. Супер.
Вентилацијата и климата се дезинфицирани и прочистени со ова -
Сонакс Клима Клин. Да искоментирам - очекував многу повеќе, и не сум баш воодушевен од ефектот, иако има приметлива разлика во состојбата - пред и потоа. Принципот на употреба - како на видеото во продолжение..
Кога сме веќе кај вентилацијата и климата, полен филтерот морав да го заменам, пошто имав земено Hengst Е911LI, кој беше со преголеми димензии. Заменет со
Hengst E910LI, арно ама и тој не ми направи ќеф, пошто не легна како што треба. Го исчистив и делот во кој стои самиот полен филтер, ама не ставам слика пошто ми е сТрам од она што го извадив - една лопата песок и листови. Катастрофа.
Бандажите и раткапните - односно слики од нив, пред и потоа. Задните беа чисти, само напрашени. Предните имаа по кило brake dust на нив, што се вадеше многу, многу тешко. Али, I prevailed.
Посебен ќеф ми направи
филтерот за гориво, кој и тоа како се менувал и го погодив од прва - на невидено. И ако ги имаме во предвид нашиве горива, ќе го ебам - за 450 денари, ќе го менувам секоја година.
Батеријата на далечинското е исто посебна приказна - 70 денари чини, а ја промени дистанцата на која "фаќа" централното за повеќе од
двојно. Фантастично.
Ми останаа само уште
навлаките да ги извадам и да се исперат, ама тоа ќе биде најверојатно во вторник, пошто среда е неработен ден.
И то.
Чувството на сервисирана кола е priceless. Имам впечаток дека сега ми е спремна за милион километри.