Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178772 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #900 на: 15 Септември 2022, 18:18:22 pm »
Мое мислење е да останиш на 5W-40.
Ценава ми е некако многу евтина за тој вискозитет на масло, јас обично масла купувам директно од Германија бидејќи тука имав проблем со DPF филтер и ми светнуваше сијаличката за масло, се работи за Castrol Edge 5W-40,и наместо да го троши маслото, го креваше нивото, го купив истото масло од Германија, еве 7 години нема никаков проблем и покрај тоа што има ремап.

Ќе видиме, времето ќе си каже.

Јас мислам дека потрошувачката на маслото (5-30) ти била сосема нормална, сепак е „потенко“ масло, еве и да имало удел и тоа со сензорот за масло. Мене волку масло ми трошеше Голфот со 1,6 (сервисиран во овластен со Кастрол 5-40).

За оваа кола не е нормална, пошто во овие 14 години се нема случено.

5W-30 не ставам прв пат. 90‰ од промените ми се 5W-30. А и потрошувачката до сега беше потполно иста, било 5W-30 било 5W-40...

Ќе го истерам ова, па наредна ќе ставам поскапо масло, ај да не е до евтиноќата... Ама чисто сумњам, пред да сменам со последново 5W-30 беше токму ова 5W-40 на Манол, нормално си потроши 350-400 милилитри до промена...

Ќе си каже со време...
« Последно менување: 15 Септември 2022, 20:20:11 pm Diesel »

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #901 на: 15 Септември 2022, 19:35:50 pm »
Jas sum mnogu zadovolen od manolot , ama samo vo menjac sum go koristel 75w90 a naredno ke stavam I vo motorot ako najdam so dex1 specifikacija. Inaku sum stavil 5w40 mislam bese aral ama mnogu tropaa ventilite zimno vreme dodeka zagree I odma pak staviv 5w30

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #902 на: 17 Октомври 2022, 01:20:30 am »
Ме убеди да го купам истово уље (Mannol Elite 5W-40) за во Астата што ја зедов со Z16XER мотор. Го начекав на акција 5L за 18 евра, па зедов две туби..

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #903 на: 17 Октомври 2022, 08:14:15 am »
@DimitarMK Многу ефтино тоа маслото, во МК го најде по таа цена или во (ино)странство?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #904 на: 17 Октомври 2022, 08:28:57 am »
Во Хрватска - https://www.mall.hr/odrzavanje-automobila/mannol-motorno-ulje-elite-5w-40-5l?tab=description со некој промо код 30% попуст.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #905 на: 14 Ноември 2022, 18:08:44 pm »
Вчера, 133.548 километри, ставен зимски сет. Со летните проѓени 5.324 километри.

Испран, спремен зимскиот сет...



Демонтажа на летен сет и брзински wheels off detail, кој патем се прави при обратна промена - зима на лето, али јеби га... Пак ќе правиме напролет.





Монтирани зимските, со ротација од лани. Ставена бакарна маст троа, затегнати шрафовите на 120 нм. Финално перење до април и монтажа на детално исчистени раткапни...



Среден и летниот сет пред складирање...




Да биде full on зимски сетап, и патосниците ги заменив. Платените мокро исчистени, вратени на фабрички подесувања, исто пред складирање...



Ме чека round two со Зуки. Здравје, сабота, ако помогне времето... Му бапнав сет ланци во гепек, сеа за сеа.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #906 на: 14 Ноември 2022, 18:47:46 pm »
Друже ти си се родил во погрешна држава. Да си америка негде да си чистиш вака колите пред двор во некој suburb и снимаш јутуб клипчиња  ;)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #907 на: 14 Ноември 2022, 19:13:40 pm »
Знам... По повеќе параметри не сум за тука. Скандинавија само.

Јеби га, тргнал штркот да ме носи нагоре, ама бабачко бебе сум бил, сум му стежел и тука ме оставил.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #908 на: 14 Ноември 2022, 19:39:51 pm »
Не си бил ти тежок, торбицата со влажни, помади, креми тежела ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #909 на: 02 Април 2023, 18:42:40 pm »
02.04.2023 година, 134.605 километри - со мало задоцнување, заменет зимскиот со летниот сет. 1.057 километри од промената.



Стигнам до задно десно, пак проблемот од лани - немам рачна воопшто.

Се спремав за семинарска за кочници со барабани и гуртни денес...



Душа ми излезе дур го извадам добошот, но по моја вина - се изнервирав и заборавив да ја спуштам рачната. Данак неискуства.

Ова гомце го прави сиот проблем...



Пружинката се враќа наназад и се откачува од механизмот за штелување. И така, работа од 3-4 саати макс, натенане, стана работа од 9 саати.

Ќе видам сега како ќе биде, пошто го модифицирав тоа лимчето, дали ќе држи. Иако сега фаќа многу убаво, на 5-ти заб, мислам дека дефинитивно ќе ги менувам овие гуртни Tomex, и најверојатно ќе одам со ОЕМ, во кој ќе ги има сите делчиња.

Истребени камчињата од зимскиот сет, испрани заедно со раткапните, дресинг, складирање.





Уште да ја исперам колата, пошто последно ја перев на 15.11.2022.

Здравје.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5927
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #910 на: 02 Април 2023, 20:00:47 pm »

Уште да ја исперам колата, пошто последно ја перев на 15.11.2022.

Здравје.
Неочекувано од тебе 🤔

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #911 на: 02 Април 2023, 21:26:32 pm »
Ovaa nastresnica kaj sto e piknata astrata na javna povrsina e megju zgradi ?
Pa ja vaka da opnam na parking pozadi zgrada na klada kje me nadenat zavidlivine. Vo rok od 1 min policija na vrata kje mi dojde.

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #912 на: 03 Април 2023, 10:09:07 am »
Ovaa nastresnica kaj sto e piknata astrata na javna povrsina e megju zgradi ?
Pa ja vaka da opnam na parking pozadi zgrada na klada kje me nadenat zavidlivine. Vo rok od 1 min policija na vrata kje mi dojde.
Ако имаш имотен за пракинг местото, нек викаат колку саакаат, колку што мислам за ваква настрешница не е потребно дозвола за градба итн. може и грешам

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #913 на: 03 Април 2023, 10:13:42 am »
Ovaa nastresnica kaj sto e piknata astrata na javna povrsina e megju zgradi ?
Pa ja vaka da opnam na parking pozadi zgrada na klada kje me nadenat zavidlivine. Vo rok od 1 min policija na vrata kje mi dojde.
Tesko deka mu e na javen parking, 99% sum siguren deka mu e vo dvorot doma 😁
Od druga strana za tebe imam skromno resenie 😁⬇️

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #914 на: 15 Април 2023, 17:01:41 pm »
15.04.2023 година, 134.613 километри.

Како што кажав - заменети комплет гуртните со сите пропратни делови.

Ferodo Premier FSB545 - 2.000,00 денари, сет опруги и осигурувачи Tomex 40-05, 300,00 денари.





Работна рака - 0. Сам сработив.

Е сега, околу постапката и алатите. Одев СТРОГО по упатство, а пошто има специјален алат еден и клешти за опруги, импровизирав само со алатот, но не е страшно.

Зошто ги менував, кога ги менував пред 15.602 километри? Едноставно - непрописна монтажа на заменските, само на десното тркало. На левото беше во ред, но фалеше диск опруга кај механизмот за штелување.

Реално, можев да поминам со 300,00 денари и 15 минути само за сетот опруги, да откачам еден осигурувач и да откачам две опруги, да ја монтирам диск опругата и да вратам сѐ на место.



Но, каков ме дал Господ, таа варијанта не доаѓаше во предвид и се решив за хард ресет, комплет прописна замена и да заборавам на задни кочници.

Демонтажата е мање-више straight forward, при што мора да биде спуштена и олабавена рачната комплет. Монтажата, од друга страна, ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора по упатството - ем најлесно, ем најсигурно.

Прво по демонтажата ги исчистив добро добошот и задниот дел, или т.н. anchor plate. Останаа остатоци, но просто е невозможно да се исчисти 100%, иако сјебав три големи брејк клинери.

Согласно упатството, има 6 точки на лежење на гуртните на задната плоча, кои се подмачкуваат со бакарна маст.

Механизмот за штелување се подмачкува со силиконска маст. Обавено е и тоа.

Слики има малку, пошто е валкана комплетната постапка и не сакав да си го шлакам телефонот.





По монтажата, се пумпа кочницата 20-25 пати за да налегнат гуртните на добошот. Така се штелуваат. Тука, за проверката дали е сѐ во ред, треба уште еден човек само да стиска на педалата.

Наредно и последно е штелување на рачната. Се пумпа кочницата 5 пати, се дига до крај и спушта рачната 5 пати, се дига на трет заб и се штелува од внатре, со затегање на мутерот до момент кога тркалата веќе тешко ќе се вртат со рака. Тука се помачив, пошто десното беше по пропис, а кај левото имаше отпор, но ептен малку. Ја штелував рачно директно на механизмот во добошот, од прилика 6-7 заби, за да ги израмнам.

По упатството, треба да се извози колата околу 300 метри со дигната рачна троа. Пошто не пишува колку е тоа троа, околу 200 метри ја возев на трет заб, и околу 150 на четврт. Се прави ова за да си фатат гуртните лежиште.

Mandatory cleaning пред монтажа на тркалата...







[/url]

По капка лепак за шрафови на шрафчињата од добошите, благо затегнување, тркалата унакрс на 120 кила и чао.

Сега рачната фаќа на петти заб, со full lock на шести. Но, судејќи по промената, мислам дека ќе попушти кога ќе си легне сѐ на место и ќе треба пак да ја штелувам, но не е страшно, тоа се прави од внатре. Ќе ја повозам вака некое време, па видеќемо.

Многу over-engineered механизам со многу moving parts без потреба и со не толку голема ефикасност. Алал да му е на тој дискови и плочки што измислил. Може поскапо е за замена, ама е далеку полесно.

Не е тешко, но сака или искуство или research претходно. И одзема доста време.

Се навлекувам полека на механика, што не ми се допаѓа, ама што-е-тука-е. Ради завршување на работа по пропис, мислам дека до последно ќе се трудам сам да си ја завршам секоја наредна интервенција на мои коли, во рамките на можностите, офкорс.

Наредно, менувам плочки на Зуки и ќе ги отворам добошите да видам таму што се случува. Ако има повеќе од 2 mm "месо" на гуртните, не ги пипам. Само ќе исчистам.