21.01.2020 година, 114.624 километри.
Заменето моторчето (пумпичката) од резервоарот за перење на ветробранско стакло. Фабричката попушти од цицката за цревото што оди на задниот бришач.
Набавено заменско од каросерија.мк, 270,00 денари и 280,00 денари пластични осигурачи за поткрило, Опелови.
Уствари, налетав на ова, на 15.12.2019-та..

Се помочала.
Нарачав одма од каросерија, стаса на 31.12.2019, 260,00 денари, ама со очаен квалитет. Го скршив при монтажа.
Осигурачите се со колчиња во средина, вакви..

Мораш да го бутнеш навнатре колчето, за да го извадиш. Пет се вкупно, три спасив.
Сетот дојде со 25 нови, така да за 280,00 денари не ми се правеше циганска работа да импровизирам со неоригинал осигурачи.
Извадено подкрилото, испрано се по пропис и конзервирано. Две лопати кал паднаа.
По овластениве, 3.600,00 беше моторчето во Олимпија, 5.400,00 во Авто Куќа. И тие ме убедуваа да не нарачувам, дека скапо било.
Нарачав пак од каросерија, само овој пат од 800,00 денари. Ама, пошто избрав малку подолг рок за достава, пак 270,00 го платив.
Стигна вчера, денес монтирано.
Ги спојувам цревата, повлекувам палица - шприца позади. Буткам палица, шприца напред. А треба обратно да е.
Не, не ги згрешив цревата, туку пумпата е таква, обратна. Само ги заменив цревата, и ОК е сега.
Ќе го пратам деновиве, ама мислам дека нема да имам проблем веќе. И кога ќе се пребројам, повеќе од еден месец сум без шприцкалки.