Регистрирани денес.
- 3.555,00 денари автоодговорност;
- 3.690,00 денари зелен картон;
- 2.201,00 денари технички;
- 2.853,00 денари надомест за јавни патишта, и
- 50,00 денари во полицијата.
Вкупно - 12.349,00 денари.
Нешто се дешава по техничкиве прегледи. Пола саат се врткаа околу колата, се живо и диво прегледаа (на мое задоволство, се разбира). Мереа и издувни гасови. Се надевам дека нема да е ова чудо за три дена и дека ќе се стави ред на прегледите, односно нема да пуштаат се и свашта. Поготово, ова важи за светлата.
Техничкиот поминат без никаков проблем. Се е тип-топ.
Ја почастив - пред заминување на пат, патосници, типски Гледринг, гумени.
Набавени од Самад, 1.800,00 денари.
Убаво легнаа, мада мислам дека може уште подобро, посебно задните.
Се мислев помеѓу Петекс, гумени и овие, ама Петекс имаат многу ситна текстура коцки, што ќе биде кошмар за чистење. Тие подобар калап имаат, подобро покриваат, ама тоа е.
Ќе земам и платнени еден пар, понатака. Овие испаднаа неплански, пошто во Полото се искинаа, па старите Гледринг беа универзални и заминаа таму.
Остана уште дихтунгот на антената на кровот, испечен е од сонцето. Нарачан, чекам да стигне, и тоа е тоа со Астрата.
Се фрлам во средување на Полото.