Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178855 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #615 на: 10 Август 2019, 13:19:07 pm »
10.08.2019 година, 108.691 километри.

Променети буфери на амортизери, Febi Bilstein 08157, 1.200,00 денари, со работна рака 1.000,00 денари.

Центрирана предницата. Имаше отстапување кај левото тркало, 2.60 степени. Не сум сигурен дали е пореметено сега, при промената на буферите, или од претходно.

Пошто не осетив ништо претходно, а 2.60 степени е поприлично, ќе земам во предвид дека денес е нешто пореметено. 500-ки.

Во однос на буферите - се чувствува разлика, и тоа изненадувачки многу. Некако колата поразлично ги упива нерамнините на патот. Не дека е сега Фантом колата, ама потивко вози низ дупки.

Видливо оштетување немаше на фабричките, освен тоа што беа некако компресирани (како сплескани изгледаа), во однос на новите, за 2-3 милиметри.

Останува регистрација и технички на 22-ри, и спремни сме за 4.000 километри пат за 10-тина дена.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #616 на: 21 Август 2019, 17:12:07 pm »
Регистрирани денес.

- 3.555,00 денари автоодговорност;
- 3.690,00 денари зелен картон;
- 2.201,00 денари технички;
- 2.853,00 денари надомест за јавни патишта, и
- 50,00 денари во полицијата.

Вкупно - 12.349,00 денари.

Нешто се дешава по техничкиве прегледи. Пола саат се врткаа околу колата, се живо и диво прегледаа (на мое задоволство, се разбира). Мереа и издувни гасови. Се надевам дека нема да е ова чудо за три дена и дека ќе се стави ред на прегледите, односно нема да пуштаат се и свашта. Поготово, ова важи за светлата.

Техничкиот поминат без никаков проблем. Се е тип-топ.

Ја почастив - пред заминување на пат, патосници, типски Гледринг, гумени.

Набавени од Самад, 1.800,00 денари.









Убаво легнаа, мада мислам дека може уште подобро, посебно задните.

Се мислев помеѓу Петекс, гумени и овие, ама Петекс имаат многу ситна текстура коцки, што ќе биде кошмар за чистење. Тие подобар калап имаат, подобро покриваат, ама тоа е.

Ќе земам и платнени еден пар, понатака. Овие испаднаа неплански, пошто во Полото се искинаа, па старите Гледринг беа универзални и заминаа таму.

Остана уште дихтунгот на антената на кровот, испечен е од сонцето. Нарачан, чекам да стигне, и тоа е тоа со Астрата.

Се фрлам во средување на Полото.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #617 на: 21 Август 2019, 17:35:04 pm »
Опни ја после 7000€ 😁
И јас ги имав истите патосници на астрата,некако ептен тенка гума,дури имаш осеќај како да се скине на жешко време.

Sent from my Redmi Note 5A Prime using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #618 на: 21 Август 2019, 17:42:32 pm »
Аааах, на сиот труд и влог, испод 10 бона тешко дека ќе ја дадам. :D

Не се тенки, тамам се. Башка, и убаво мирисаат.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1774
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #619 на: 21 Август 2019, 21:44:38 pm »
Аааах, на сиот труд и влог, испод 10 бона тешко дека ќе ја дадам. :D

Не се тенки, тамам се. Башка, и убаво мирисаат.

Ако ја немало во списание негде, тешко таа цена.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #620 на: 21 Август 2019, 21:53:02 pm »
Ама Кларксон ја возеше 98-ма..


Како мине време, 10.500 ќе оди.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1774
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #621 на: 21 Август 2019, 22:38:47 pm »
Ама Кларксон ја возеше 98-ма..


Како мине време, 10.500 ќе оди.

Епизодава и крена цена ко Биткоинот што рипна полани, дај за 11,000 да ти ја земам на време.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #622 на: 24 Август 2019, 21:23:11 pm »
24.08.2019, 109.020 километри.

Заменети бришачите, предни Praxis Air 20" и 19", заден Lucas - 16" (само метлицата ја "пресадив" на фабричкиот бришач).

500,00 денари се на се.

Испрана, па изглинирана. Користено Marflo медиум глина, со Mafra Split како clay lube.



Вака на сликата изгледа многу контаминирано, ама overall и не беше нешто посебно многу укакана. Ги поминав и стаклата, така да.. Супер испадна. Лакот сега е супер-чист, сите точки што беа од муви, нешто асфалт, срања - се испадна.

Помината со една рака Sonax BSD. Не утепав време и не вложив труд колку што очекував, полесно поминав.

Резултат..







Не е лошо за ~4 саати работа.

Задоволен.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #623 на: 24 Август 2019, 21:33:09 pm »
Стакло!

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #624 на: 24 Август 2019, 21:35:11 pm »
Се супер, само на толку труд и љубов, незнам зошто не си инвестираш во едни ал. бандажи ?! Вака на раткапна колку и да ја лицкаш, џабе е...бандаж е нешто што мора да се има на естетски средено количе.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #625 на: 24 Август 2019, 21:35:48 pm »
15.000€ како од шала че иде 😁

Sent from my Redmi Note 5A Prime using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #626 на: 24 Август 2019, 21:40:14 pm »
Се супер, само на толку труд и љубов, незнам зошто не си инвестираш во едни ал. бандажи ?! Вака на раткапна колку и да ја лицкаш, џабе е...бандаж е нешто што мора да се има на естетски средено количе.

Чекам @Rakun4e да ми ги продаде неговите 16-ки.

Ама озбилно го чекам, пошто ми кажа дека имам право на првенствено купување. Кога ќе реши да ги продава, ми кажа дека прв ќе бидам известен.

Е, тогаш ќе биднат и алу фелни.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #627 на: 24 Август 2019, 21:44:25 pm »
Купи си и вакви за зимски сет,батали раткапни 😁


Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #628 на: 24 Август 2019, 21:47:54 pm »
Не.

Ова го чекам јас..


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #629 на: 24 Август 2019, 21:52:40 pm »
Еиииии сигурно ја имаш ставено сликата на десктоп...😁

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk