Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178763 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #240 на: 10 Август 2013, 20:46:21 pm »
Тамам работа..

Одамна си пишал, немав пристап до форумот тој период, инаку ќе те испоштовав одамна.. :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #241 на: 15 Август 2013, 18:16:07 pm »
Christmas came early this year..



Набавено:

1. Масло OMV BIXXOL Special C3 5W30 dexos2 (4x1л) - 2.200 денари
2. Филтер за масло (Hengst Е611H D122) - 393 денари
3. Филтер за воздух (Hengst Е352L) - 489 денари
4. Филтер за полен (обичен, Hengst Е911LI) - 619 денари
5. Филтер за гориво (Hengst H110WK) - 459 денари
6. Антифриз OMV Coolant SF (4x1л) - 980 денари
7. Дестилирана вода (4l) - 80 денари
8. Глицерин OMV DOT 5.1 (4x0.25л) - 1.200 денари
9. Батерија за централно (Panasonic CR 2032) - 70 денари

Вкупно: 6.490 денари

Време е за сервис, кој ќе се прави на 24-ти. Бар така планирам.

Сите заменски материјали се набавени од Матрикс.

Се одлучив за OMV масло, пошто ова конкретно исполнува dexos2 стандард на ГМ, односно Опел. И сигурен сум дека е оригинал, пошто татко ми ги транспортира пратките директно од Австрија, до Матрикс во Македонија. А и на амбалажите пишува - Made in Austria.

Brand References:
BMW, Mercedes Benz, Volkswagen, Opel

Exceeds: ACEA C3, API SN/CF, Fiat 9.55535 – S2, Ford WSS-M2C917-A,
ACEA A3/B4 suitable for use

Approvals:
BMW LL-04, GM dexos 2, MB 229.51, VW 502 00 / 505 00 / 505 01


OMV Coolant SF надминува G12+ стандард, и ако се меша 50:50, не замрзнува до -40. Јас ќе го правам 60:40, што е и максимум дозволено.

Application
OMV coolant SF can be mixed with water in any ratio. It can also be mixed with standard coolants containing
silicate, although it only retains its exceptional properties when mixed with distilled water. In principle, coolants
should not be used undiluted. A 1:1 mixture with water provides protection against freezing to –40°C and 1:2 to
–20°C.

Exceeds: MAN 324-SNF, MB 325.3, MTU MTL 5048, PORSCHE, RENAULT, SCANIA TI 02-98 0813 T/B/M sv,
VW (G12+) TL 774-D/F


OMV Braking Fluid DOT 5.1 немаше овде, па го терав татко ми да земе директно од Австрија. 20 евра - литро.

Хенгст филтри - не е потребен коментар. Ако се малку посолени од останатите. Бар се квалитетни. Интересно за филтерот за гориво - секаде кај што прашував, за мојата кола демек немало филтер, односно не се менувал. Ми текна - се наведнав испод задната лева врата, и за чудо - еве го. Го земав овој Хенгст, го споредив - димензиите се исти. Ќе видиме како ќе се испонаша на промена.

Едвај чекам.
« Последно менување: 22 Септември 2013, 20:28:38 pm Diesel »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #242 на: 15 Август 2013, 18:30:27 pm »
Браво ... ВРВ !!! Свака част :) Не го гледам само филтерот за гориво, за која кола ти е? Може слика? Филтерот за полен, немаше со активен јаглен?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #243 на: 15 Август 2013, 18:34:17 pm »
Thanks.

Како мислиш за која кола? Ова е филтерот за гориво - Hengst H110WK..



Не сакав со активен јаглен, пошто пресметав - повеќе ми се исплати да го менувам секоја година, отколку на две.


Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #244 на: 15 Август 2013, 18:37:24 pm »
Не знаев дека Opel Astra Classic II (Astra G), so 1.4 Ecotec Twinport има ваков филтер за гориво. Каде е сместен?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #245 на: 15 Август 2013, 18:51:04 pm »
И јас не знаев. Патем, и во продавниците - пошто гледаат преку софтвер кој филтер за каде е и дали одговара, кога ќе внесат Z14XEP им излегува Астра Х, не Г. И тука има мака.

Се наоѓа на задната страна, некаде на средината на задната врата, пред задното тркало од левата, совозачка страна. Надвор е, под пластиката на прагот.


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #246 на: 15 Август 2013, 19:31:36 pm »
Se gleda deka merakot kon kolata kaj tebe e golem,odlicno Diesel,dolgo da te sluzi :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #247 на: 15 Август 2013, 20:21:55 pm »
одлично,него што ќе правиш со 4 литра фриз и вода ?
или водата ти е за во бришачи?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #248 на: 15 Август 2013, 21:11:24 pm »
Se gleda deka merakot kon kolata kaj tebe e golem,odlicno Diesel,dolgo da te sluzi :)

Фала лепо.

одлично,него што ќе правиш со 4 литра фриз и вода ?
или водата ти е за во бришачи?

60% од 6 литри е 3.6 литри антифриз. Имам веќе растворено за бришачи, 25 литри од овој концентрат..


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #249 на: 17 Август 2013, 18:36:41 pm »
Сервисот ќе бидне порано - најверојатно во понеделник, пошто ме заеба InSP индикаторот - светна недела дена порано од очекуваното. Минатиот сервис го правев на 22.08, а сега индикаторот кажува дека сервис треба да се прави од 15-ти, месецов.

Тоа било тоа - најдоцна една недела или 500 километри до наредниот редовен сервис што го пишува во упатството.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #250 на: 23 Август 2013, 19:47:46 pm »
Бидна и сервисот, на 19-ти, во понеделникот. Направен на 43.040 километри - 8.818 километри по последниот, и се разбира - една година.



Променето:

1. Масло OMV BIXXOL Special C3 5W30 dexos2 (4x1л) - 2.200 денари
2. Филтер за масло (Hengst Е611H D122) - 393 денари
3. Филтер за воздух (Hengst Е352L) - 489 денари
4. Филтер за полен (обичен, Hengst Е910LI) - 619 денари
5. Филтер за гориво (Hengst H110WK) - 459 денари
6. Антифриз OMV Coolant SF (4x1л) - 980 денари
7. Глицерин OMV DOT 5.1 (4x0.25л) - 1.200 денари
8. Батерија (далечински управувач) - 70 денари
9. Работна рака - 1.200 денари

Вкупно: 7.610 денари

Се помина во најдобар ред, за разлика од лани, на мое огромно задоволство, иако имаше многу, многу повеќе работа.

Се тоа документирано..





Регистрирана во средата - трошоци 2.890 денари, пошто годинава не правев технички. Извадена и полиса за авто-одговорност - 4.480 денари, и осигурана каско со 200 евра франшиза - премија од 9.832 денари.

Прво - да искоментирам за глицеринот. КОЈ НЕ ГО СМЕНИЛ - ВЕДНАШ ДА ГО СМЕНИ, И ДА ГО МЕНУВА ВО ПРОПИШАН ИНТЕРВАЛ, ОДНОСНО НА ДВЕ ГОДИНИ.

Имав купено литро (4х250ml), а се потрошија три шишенца, односно 750ml. Иако во системот собира само пола литро, едно паковење поебав фазла, ама ако - сега сум сигурен дека системот е добро прочистен.

Ова е стариот глицерин, фабричкиот. Милион гомна во него и темна, грда зеленкаста нијанса на течноста. За споредба - новата, беше бистра како вода.







Малку сум разочаран, од причина што мислев дека тресењето на ладен старт ќе го снема со промена на масло и глицерин (нели пошто куплунгот е хидрауличен и користи глицерин), ама се заебав - проблемот си остана.

Второ - антифризот. 5.6 литри собира системот според сите извори што ги прочитав пред сервисот. Јас размешав одприлика 60-40 антифриз-дестилирана вода, при што добив вкупно шест литри течност. Ме збунува тоа што ми останаа нешто помалку од 2.5 литри, што значи дека вкупно е досипано при промена нешто над 3.5 литри. Еве веќе пет дена од сервис, само еднаш досипав околу 100ml, и нивото во казанчето е константно ист и каде што треба да биде.

Ме интересира - дали е можно да има останато 2 литри од стариот антифриз некаде низ системот? Да кажам, овој новиот има поебачка темно розева боја, за разлика од фабричкиот, кој имаше праска боја.

Испран е моторот наредниот ден - 20.08, вторник. Конзервиран со Сонакс МОС2 Оил НаноПро. Заборавив да сликнам состојба на моторот пред перење, ама беше валкан. Доста.









Испрано е и подвозјето.

И трет ден имав забава, со чистење на системот за вентилација и климата, како и со чистење на бандажите и внатрешната страна од раткапните.

Саниран е и проблемот со "цвлиењето" на моторчето од парното - го расштрафив, го извадив и го подмачкав со Сонаксот, од погоре. Сега не се слуша како работи. Супер.

Вентилацијата и климата се дезинфицирани и прочистени со ова - Сонакс Клима Клин. Да искоментирам - очекував многу повеќе, и не сум баш воодушевен од ефектот, иако има приметлива разлика во состојбата - пред и потоа. Принципот на употреба - како на видеото во продолжение..




Кога сме веќе кај вентилацијата и климата, полен филтерот морав да го заменам, пошто имав земено Hengst Е911LI, кој беше со преголеми димензии. Заменет со Hengst E910LI, арно ама и тој не ми направи ќеф, пошто не легна како што треба. Го исчистив и делот во кој стои самиот полен филтер, ама не ставам слика пошто ми е сТрам од она што го извадив - една лопата песок и листови. Катастрофа.

Бандажите и раткапните - односно слики од нив, пред и потоа. Задните беа чисти, само напрашени. Предните имаа по кило brake dust на нив, што се вадеше многу, многу тешко. Али, I prevailed.







Посебен ќеф ми направи филтерот за гориво, кој и тоа како се менувал и го погодив од прва - на невидено. И ако ги имаме во предвид нашиве горива, ќе го ебам - за 450 денари, ќе го менувам секоја година.

Батеријата на далечинското е исто посебна приказна - 70 денари чини, а ја промени дистанцата на која "фаќа" централното за повеќе од двојно. Фантастично.

Ми останаа само уште навлаките да ги извадам и да се исперат, ама тоа ќе биде најверојатно во вторник, пошто среда е неработен ден.

И то.

Чувството на сервисирана кола е priceless. Имам впечаток дека сега ми е спремна за милион километри. :P

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #251 на: 23 Август 2013, 19:57:49 pm »
Епа ај аирлија нека е  :) Алал да ти е, вака се одржува возило!

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #252 на: 23 Август 2013, 20:11:53 pm »
Ајјјјјј,секоја чест за начинот на кој го негуваш возилово.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #253 на: 23 Август 2013, 20:38:35 pm »
Баш ми е мило што ја врати љубовта кон количето :)

Секоја чест на одржувањето и мазењето, вака се сака кола !

Уште со едни бандавчина да те напрам да ја пролепшаш малку  :P

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3906
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #254 на: 23 Август 2013, 21:51:02 pm »
на здравје! секоја чест!