5+ искуство со Смилевски, пред се луѓе и човечки однос добивам кај нив, а згора на тоа и експертиза. Точно ќе ти кажат што се прави, што не се прави, од кај иде проблемот, како може да се реши.
Бонус во моментов се единствени во државава што од корен може да ти средат бандажи на фабрички подесувања - вадење боја, пескарење, електростатско фарбање (powdercoat), CNC обработка итн итн.
Секоја чест на Дарио за она што успева да го направи со лак и боја, ама факт е дека електростатското фарбање е потрајно од било што може да излезе од пиштол за боја и лак.