Почитувани,
Од неодамна имам Opel Corsa C 1.0 мотор 60 кс кој има поминато околу 100000 км, а инаку е 2005 година, колата оди добро, но имам проблем што има некои вибрации кои се чувствуваат малку и на воланот, и целата кола се подзатресува, вклучувајќи ја и шасијата кога давате гас и кога вртежите одат од 1500 кон 2000, ... истото се случува и кога вртежите паѓаат од 2000 кон 1500, целата кола се подзатресува и чувствувате вибрациите на воланот шасијата … Тресење и вибрации има дали возите со прва, втора,пета брзина од 1500 кон 2000 и обратно од 2000 кон 1500 кога обртаите паѓаат
Под 1500, како и над 2000 вртежи вибрации и тресење нема, дали тоа колата се наоѓа во лер или пак се вози.
Не знам дали е проблем или е нормално за мотори со три цилиндри.
( Инаку на колата се ставени комплетно нови рамена, шољи на амортизери, сменати свеќици и држач на мотор ...
до пред да се направат овие промени на деловите, вибрациите беа значително почуствителни.
Ве молам за помош
Поздрав