Дојде редот за нов акумулатор кај кодиакот, па согласно 6,5 години малтретиран АГМ на Q3 одлучив да биде АГМ Дурацел. Некаде во јуни почна да зеза, мал напор на верглање и знаев дека кај и да е ќе треба.
Кај
@nidzzo добив карклуб „понижење“ и цената ми беше прифатлива. Кодирање обавезно со оглед дека ако не се направи на новиве возила, има реални шанси да рикне побрзо. Од муабети слушам дека генерално продавачите и дилерите на акумулатори баш и не се зезаат со тоа. Колата треба да „научи“ дека има нов.
Интересно е (како и претходниот) колата го полни до некои 80% SoC, и го држи некаде од 70-80. Под 70 почнува да го полни и отприлика за 30 мин возење успева да стигне до 80.
Јас некако очекував нели 100% ама не, колата тука го игра. Го гледам со едно џирло од тему.