Гласање

Која марка на акумулатори се најдобри според вас?

Exide
141 (42%)
Black Horse
32 (9.5%)
Vesna
23 (6.8%)
Topla
64 (19%)
било кој...
76 (22.6%)

Вкупно гласови: 335

Автор Тема: Предлог за акумулатор  (Прочитано 969704 пати)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1494
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3870 на: 16 Октомври 2026, 00:05:20 am »
Дојде редот за нов акумулатор кај кодиакот, па согласно 6,5 години малтретиран АГМ на Q3 одлучив да биде АГМ Дурацел. Некаде во јуни почна да зеза, мал напор на верглање и знаев дека кај и да е ќе треба.

Кај @nidzzo добив карклуб „понижење“ и цената ми беше прифатлива. Кодирање обавезно со оглед дека ако не се направи на новиве возила, има реални шанси да рикне побрзо. Од муабети слушам дека генерално продавачите и дилерите на акумулатори баш и не се зезаат со тоа. Колата треба да „научи“ дека има нов.
Интересно е (како и претходниот) колата го полни до некои 80% SoC, и го држи некаде од 70-80. Под 70 почнува да го полни и отприлика за 30 мин возење успева да стигне до 80.
Јас некако очекував нели 100% ама не, колата тука го игра. Го гледам со едно џирло од тему. 

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3871 на: 16 Октомври 2026, 08:37:34 am »
Е сеа јас го јадев со една Јуаса не ми ја признаа гаранцијата пошто немав потврда писмена за кодирањето кое беше направено во Автоелемент бидејќи таму ми го сменија. Од таму ме пратија во сервис, таму ме дрнкаа една недела за која треба да им го оставиш акумулаторот и да останеш без кола тоа време и на крај да ти извадат финта од овој тип.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1494
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3872 на: 16 Октомври 2026, 09:54:07 am »
Изгледа дека треба да се стои над глава дур го кодираат, и тоа да го запишат у гаранцијата.
Можеби е паметно да се поделат тука искуства, кој не „кодира“, кој „кодира“ и кој со инсистирање „кодира“.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3873 на: 16 Октомври 2026, 10:17:36 am »
Да не заборвам, го заменив со Варта само зато што ми рекоа дека они со Варта на лице место можат да ми ја реализираат гаранцијата наместо да одам по други сервиси. Инаку се работи за АГМ акумулатор веројатно со слична големина как твојот пошто на постар Кодиак е. Првите симптоми на намален капацитет беа тоа што престана старт/стоп да работи потоа почна да врегла поспоро ако 3-4 дена не е возена иако стоена во гаража цело време каде зимските и летните температури се прилично имерени 10-25C.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1494
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3874 на: 16 Октомври 2026, 13:14:54 pm »
Какво е тоа на лице место реализација на гаранција ?  Доаѓаш и ти даваат друг ?