Фала за објаснувањето. Веќе тоа и го имам прочитано. Мислев нешто понародски.
Mazda 6 последна генерација, има фабрички ЕФБ а има напредно полнење. И рекуперација.
Кај Шкодата, полнењето на акумулаторот е неконстантно, има некоја негова логика, веројатно поради намалување на потрошувачка. Почнува да го полни коа ептен ќе дојде до некоја негова точка на испразнување. Не дека не пали. Пали и таков.
Кај Q3 нема ништо напредно осем старт/стоп.
Пак еден куп нејаснотии.
При предлози од производители кај сите 3 возила се нуди и АГМ и ЕФБ
И во исти модели на возила (иста или приближна година) може да има различни акумулатори. Од она што е го знам, различни се ставаат поради разлики во мотор (кубикажа и сила) и опремата која возилата ја имаат (стандардна опрема наспроти дополнителна оперма која троши струја).
Ова делува логично но логично е и дека се става она што во моментот е достапно и секако најефтино. Голфот 6ка Тси купен нов дојде со акумулатор со минимум задоволени параметри, рикна 2 недели после гаранција на колата.
Кодиакот е накркан со опрема, Кантон озвучување, Есимови, па се до момент на автоматско паркирање. Оргиналниот ЕФБ, заменскиот ЕФБ. Еве да сакам да турам нели подобар АГМ, да се прашам дал е паметно. 2.0 ТДИ 200КС.
Слична работа на акумуалториве е и со гумите. Две 100% исти коли нови за продажба со исти тракатанци од опрема. Гумите различни.
Мислам дека може да направиме груба констатација дека нема човек да згреши ни со едно ни со друго. Независно колку „електроника“ има.