На стариот му рикна акумулаторот (кратки релации вози, не ме слуша за надополнување). Да имав време ќе идев по Монбат пошто последниот добро му се покажа, вака Карбокс Сити Мол ми е на неколку минути. Момците во Карбокс се коректни, а од 3-те акумулатори (Ексајд, Весна, Варта) што измерив капацитет и напон сите беа во одлична состојба. Имаат акција на Exide па тоа се зема.
Земете си еден обичен кинески полнач, некој клон на овие што ги зборевме наназад, освежувајте ги акумулаторите и осетно подолго ќе ве служат.