Благодарам на сите за советите. Пробавме вчера пак и за среќа успешно. Пред да одам по колата, бев кај мој познаник електричар (Ванчо што ја средуваше електричната инсталација на новиот проект на форумот Голф 1 ГЛ) , ги провери каблите и кажа дека се ок, следно увидов дека сум направил грешка кога сум пробал да приклучам + кај мене, немало добар контакт од онаа како плочка (реглер што има) што стои над клемата. Така да морав да ја држам штипката на мојот акумулатор додека завергла Пунтото, веднаш запали. Електричарот ми кажа, колку и да е празен акумулаторот, ако се друго е ок, мора да запали. Е сега останува да го прашам за рецепт комшијата што ми ги даде каблите, ми изгледаа стварно многу подобри од она што се продава, па да го замолам Ване да ми склопи еден пар.