Добро утро, кратките релации, вклучени светла нон стоп, задниот греач, брисачи, уреди мал милион прават да конзумпцијата на струја биде на максиимално ниво...нели како спомна некој погоре алтернаторот си ја врши својата функција но кратките релации се тие што го прават проблемот, немањето време да се дополни акумулаторот од страна на алтернаторот а кај нас кратките релации се вообичаена работа.
Акумулаторот нај убаво и најдолготрајно работи кога е 100% полн.
Разбирливо е дека услови да се наполни акумулатор немаме сите, т.е повеќето од нас живееме во станови и е крајно комплицирано да се вади акум. носи дома става на полнач (ако воопшто имаме полнач) и полни 12ч.
Но, од нашето долгогодишно искуство е повеќе од сигурно дека едно до две полнења на акум. годишно прави огромна разлика во долготрајноста на акумулаторот.