Дечки, кај би можел да направам проверка на состојбата на акумулаторот и колку време би траела? Ко ослабнат да е, а стар е година ипол. Уште под гаранција
ако ти е под гаранција...зошто прашуваш каде да одиш...во овластениот сервис на тој што ти го продал...така би бил редот...
ако имаш причина да не одиш право кај тој што ти го продал...а и јас мислам така...појди кај искусен електричар...двајца..еден по друг...имаш од кружниот ток кај црквата во ѓорче..одма од лева страна пред надвозникот за новоселски пат...првиот на почеток на оградата...другиот на 20 м после него...јас би проверил кај двајцата што ќе ми речат...
не го познавам ни едниот ни другиот...не е ова препорака...само како информација...
нека ти го проверат акумулаторот (внимавај, треба прво напон да измерат...ако е испод 12,5 волти несмеат да го оптеретуваат, оти може да ти цркне за сите времиња - така велат производителите...а нивните увозници и сервисери не го почитуваат тоа)
...дополнително нека ти провери алтернатор, реглер и каблите што водат до анлансерот...може ќе треба да се очистат ако нема добра конекција...
...не сум стручњак...само патилец...
мој совет...не оди кај никој што продава акумулатори или е овластен сервис за акумулатори на некој од увозниците....(скоро) сите се професионално деформирани....прво кај искусен електричар...после кај твојот овластен сервис...ако треба