Веќе скоро и да нема нови коли без старт-стоп.
Во неврзан муабет со инженер ми беше кажано дека ако колата стои во место повеќе од 8 секунди, тогаш веќе започнува да се исплати гасењето на моторот. Мислам дека според статистики некои, околу 20% од времето што го поминуваме во возење, го поминуваме застанати, и во лер.
Едит:
У принцип, јас се навикнав на Start-Stop, иако мојата кола го нема. Луѓето прават грешка и го исклучуваат одма штом ќе влезат во кола, а реално, се навикнува човек за само неколку дена и после тоа му е сосем нормално. Дугменцето за гасење старт-стоп постои за ситуации кога маневрираме - паркирање, буткање во тесни просторчиња, ово-оно, да не гаси колата кога не треба.