батали возилото кое е, небитно е тоа според мене. ако мислиш дека грешам, ај појасни ми зашто, можеби ке научам уште нешто што ми промакнало.
ок, понудата ваша е таа значи, 5150 денари со оставање на стариот акумулатор.
благодарам на инфо,
нека пишат и останатите двајца активни на темава...
Остај го @achtung он зафатен е со избори сега. Бираат нов лидер. Бај д веј, што ќе ти е 77 амперски за волот? Да не му инсталираше кано со 3 сонди?
не ми е конкретно само за волот, знаеш дека имам поише возила, и види мајката, сите баш тој акумулатор го носат...
но еве, ај за волот да збориме:
2.5 атмо бензин. се што ке ти текне на кола да има, електрично е, освен мрдањето на седиштата напред назад...
афтер маркет, имам ксенони, втори магленки-халогени... дотука ништо страшно.. но, имам и појако радио од фабричкото, а исто така имам и појачало и голем вуфер. е заради овие три, морам да имам појак акумулатор, а фабрички волот носи меѓу 65 и 68 ампера... па 75 е мислам ок...
комбето истиот акумулатор го носи. на волот ми цркна, почетоков на зимава, а тој од комбето, за тој дизел 2.5 атмо мотор, не беше баш во нај добра кондиција, пошто на тој дизел сериозно повеќе снага му треба да запали на ладно, одошто на бензин, па така, купив нов, тој отиде у комбето, а од комбето тој (white horse стар околу 4,5 години) е сега во волот и си работи супер. се дешава да не го палам волот и по 10 дена, нема промашај и на ладново, но сепак, ме јаде јанзата дека е 4,5 години стар, и дека може да ми го брцне со се јајца некаде зимово кога ке бидам надвор, а како што реков, аутоматик е волот и нема да ја имам опцијата да бутнам за да запалам, па затоа и сакам нов да земам, повторно ке ја напраам таа комбинација, ке го турам нај новиот на комбето, а тој од комбето (стар помалку од 6 месеци) ке го турам на волот... а овој вајт хорс ке иде на УПС за пумпи од парно.. за 300 денари, не го давам, исправен е...

и така сите среќни и задоволни...
