Кога збориме за таа кај Тинекс што седи, и јас си ја пратам секој ден. Еднаш си застанав и си ја разгледував, и сфатив дека е со Koni adjustable амортизација. Таманка си е, само што многу ретко се вози, а секогаш е чиста ко суза.
Како сфати дека е со adjustable, па уште кони? Знаеш што е тоа што се подесува на кони аџастибл амортизерите?
@Smichka, Алфата си вреди за парите. Да скапа е, ама тоа не значи дека не вреди. Пак ќе кажам, ако земеш било која од тие што се до 2000 евра, јас сум сигурен дека ќе потрошиш минимум уште 1000 за да може да ја возиш. Сет каиши, промена на уље, свеќици, дискови и плочки, со (делумна) оправка на предница и задница те носат веќе во полето над 1000е. Ако го вкалкулираш тој трошок, колата веќе ќе те кошта повеќе од онаа што ја продава Кизо. Не знам што има тука нејасно па упорно да тврдиш дека е прескапа и дека не вреди.