Автор Тема: Дефинитивно Алфа 156  (Прочитано 15457 пати)

Отсутен Benedetti

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
    • Бесплатни огласи
Дефинитивно Алфа 156
« на: 03 Јануари 2013, 18:32:44 pm »
Одлуката падна. Аудито и Смартот се продадени... По многу истражувања и превртени огласи решив да купам Алфа 156. Веднаш може да ги отфрлиме разубедувањата и би ги замолил почитуваните алфисти и сите што имаат некое корисно инфо во врска со количево да помогне. На што највеќе да обрнам внимание? Конкретно ме интересира 1.8 и 2.0. Фала ви многу однапред.
24.06.1910 Milano!!!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #1 на: 03 Јануари 2013, 18:37:11 pm »
Провери ја понудата што ја дискутираме со Куоре во Интересни понуди.
Сребрената 1.8, според мене најсолидниот Т.Ѕ. мотор.
Можеш и утре да дојдеш да ја видиме, јас ќе ти најдам човек што се разбира во 156ки, поседуваше една и ја пазеше повеќе од очите. :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #2 на: 03 Јануари 2013, 18:39:00 pm »
Мењај сега никот и потписот ;D

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #3 на: 03 Јануари 2013, 18:41:44 pm »
во случај да се решиш за 1.6 за 1800 би требало да ја даде,состојба незнам
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=535328

Отсутен Benedetti

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
    • Бесплатни огласи
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #4 на: 03 Јануари 2013, 18:44:02 pm »
Тоа ке мењам сигурно :)
24.06.1910 Milano!!!

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #5 на: 03 Јануари 2013, 18:49:17 pm »
Ке си ја провозиш,по можност по малце полош пат за да го слушнеш подвозјето(крцкање,тропкање,занесување..).
Состојбата на моторот често пати знаат да ја прикријат ставајки погусто масло,па тек кога ке си ставиш 10-60 може да почне да работи полошо.
Запали ја ладна за да го слушнеш убаво варијаторот во која состојба е.
Моторот треба со извонредна леснотија да се врти до 7000 вртежи.
:)

Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Benedetti

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
    • Бесплатни огласи
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #6 на: 03 Јануари 2013, 18:54:19 pm »
Гледам по огласиве воопшто не се скапи. За околу 2000 евра има топ примероци. Е сеа колку се исправни незнам. Повозев една 1.8 и се заљубив. Авион кола...
24.06.1910 Milano!!!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #7 на: 03 Јануари 2013, 19:12:52 pm »
Alfa 156 е Zastava 101 на новиот век. ;D




Без вреѓање алфисти, мора малце да ве ч'чнам. :)
Во секој случај, со среќа барањето, има стваааарно многу понудени коли. Има и една V6-ка на плин што се продава, јас би ја гледал таа.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #8 на: 03 Јануари 2013, 19:30:50 pm »
Земи ја во предвид и таа што ти ја посочив.
Алфа половна се купува само најскапа. :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #9 на: 03 Јануари 2013, 20:44:50 pm »
1.8 e поедноставен мотор, еден каиш и затегач помалку, поубаво е стокмен, бидејќи е со ист `од и промер на клипот (square cylinder). Тој е основата на сите нови TS мотори. 1.4, 1.6 и 2.0 се „варијанти“ на 1.8. За мене, тоа би бил изборот изборот во 156-ка. Секако и 2.0 си има свои предности, 250-тината екстра кубни сантиметри носат повеќе торк, но разликата во снагата и перформансите е многу мала помеѓу овие две варијанти.

Јас би бирал некоја која е по 2002, со барем фејслифтана внатрешност.

За подвозјетно не би се секирал многу, туку би го користел како елемент за ценкање. Повеќе би се секирал за состојбата на моторот, бидејќи тука повеќе пари одат. Каиши и зтегачи, околу 200е сосе промена, фрли тука и водна пумпа и варијатор, уште 150-тина евра, свеќици 100 евра, ламела и потисна плоча уште околу 200 итн, редовно уље и филтри околу 100-че...итн.  За подвозје се` на се` нема да потрошиш 200-250е..

Би гледал барем гумите и бандашите да бидат асални, поготово ако се 16-ки или 17-ки, пошто асални гуми да купиш 16-ки ти се околу 300е, па барем да не мора одма да се фрлаш у трошоци. И секако, би гледал да не е „изместена“ од некоја сообраќајка и да не е крпеница од 3 коли.

Среќно во бирањето, и ќе те примиме во клубот, како „преобратен“ доjчер :D


Alfa 156 е Zastava 101 на новиот век. ;D
А голф = Југо?! ;D


Цитат
Има и една V6-ка на плин што се продава, јас би ја гледал таа.

Таа мене ме чека.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Benedetti

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
    • Бесплатни огласи
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #10 на: 03 Јануари 2013, 21:59:12 pm »
Фала ви за информациите. Значи во потрага сум на 156 1.8 :) Не се брзам ако треба и 3 месеци ке бирам само асална да биде. Само уште нешто ме интересира. Како е погоден тој мотор за плин? Да не прави проблеми нешто?
24.06.1910 Milano!!!

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #11 на: 03 Јануари 2013, 23:40:39 pm »
a zasto ne 1.9JTD jas imam ednaska vozeno takvo cudo na kratka relacija ali ostanav bez tekst vo pozitivna smisla...zavisi kolku bi dal pari ali se naogja dobar i zacuvan primerok..

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #12 на: 03 Јануари 2013, 23:47:20 pm »
Фала ви за информациите. Значи во потрага сум на 156 1.8 :) Не се брзам ако треба и 3 месеци ке бирам само асална да биде. Само уште нешто ме интересира. Како е погоден тој мотор за плин? Да не прави проблеми нешто?

членот chlink вози таква алфа на плин нема гајле :)

ако се решам некогаш за 156ка дефинитивно би одел на 2.4јтд + ремап чуда прави

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #13 на: 04 Јануари 2013, 00:03:39 am »
Човекот ја гледа како очите !

http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=612455

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Дефинитивно Алфа 156
« Одговори #14 на: 04 Јануари 2013, 00:10:34 am »
Eве ја таа што ја спомна Зеро, а и јас би идел на неа http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/661080?searchID=3331309&Idx=30

И уште еден уникат (Поздрав Алфисти ;D) http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1215940?searchID=3331309&Idx=2 - буфер фул мјузик  ;D