Смичка, ако некој не се слага со тебе, не значи дека таа опција не е валидна, или погрешна, или невозможна.
Знаејќи го Кизо, неговата 156-ка е во перфектна состојба. Колку што знам, колата си има и вграден плин. Соодветно на тоа, си вреди за парите. Подобро ќе дадам 3600 евра за кола што ќе ја возам без никаков проблем и резерва од прв ден, отколку да дадам 2500 евра за истиот модел, ама да треба да потрошам уште 1000 за да ја средам, плус да се заебавам по мајстори, да барам делови, да акам натаму-нааму, и секој пат кога ќе треба да одам некаде подалеку, да го правам тоа со резерва.
Понекогаш, некои коли сосема оправдано и заслужено си коштаат повеќе пари. За жал, пазарот (односно, утепаниот пазар ради увозот на се и сешто) ги диктира цените, ама јас да барам 156-ка, ќе ја земам таа на Кизо, па макар била и поскапа.