Ај тука ќе прашам. Има ли некој искуство со заштитни наочари (антирефлекс и заштитни слоеви) за работа на пц-монитор ? Не носам наочари со диоптер, значи ме интересираат овие со заштита што како.. ??
Јас ги носам 4+ години. Стаклата како моите "Suprema"се 2500 денари (има и поевтини од 1700).
Немаат диоптер туку се водат како HMC заштитни и плус штитат од други зрачења кои ако пробам да ги напоменам, ќе ги згрешам. На сајтот нивни се препорачуваат и за возење во ноќни врнежливи услови, наводно да одбиваат светлина од асвалтот.
Значи ги зедов од кога почнаа да ме печат очите после цела недела работа во Петок, па понатаму се порано во текот на неделата.
Кога почнуваа да ме печат од Вторник, веќе решив нешто да превземам... И така ги носам пред компјутер, се преродив барем од таа гледна точка на замор и печење.
Мој совет е да си земеш пластична рамка, не железна како јас.
Тие двете силиконски на носот да не те дупет многу
Ме советуваа во оптика но земав железни.
Не очекувај чуда, поради професијата очите се повеќе ќе ти страдаат.
На офталмолог пред се, задолжително!!!