Автор Тема: Очила за сонце - какви имате, или какви сакате да имате?  (Прочитано 50262 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве


Овие ми се мотаат низ глава ама купив пред некој ден guess и дел од буџетот за наочари годинава отиде

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Очила за сонце - какви имате, или какви сакате да имате?
« Одговори #91 на: 16 Февруари 2016, 15:41:58 pm »
Ај тука ќе прашам. Има ли некој искуство со заштитни наочари (антирефлекс и заштитни слоеви) за работа на пц-монитор ? Не носам наочари со диоптер, значи ме интересираат овие со заштита што како.. ?? :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Очила за сонце - какви имате, или какви сакате да имате?
« Одговори #92 на: 16 Февруари 2016, 15:46:05 pm »
Можеш да си земеш најобични рамки, да ги однесеш у оптичара да ти направат стакленца со заштитни филтри.

На времето јас кога ги зимав моите, стаклата со филтри коштаа ~2400 денари. Рамки имаш од 200-300 денари на пазар, па до многу пари у оптичара.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Очила за сонце - какви имате, или какви сакате да имате?
« Одговори #93 на: 16 Февруари 2016, 15:47:52 pm »
Значи помагаат ? Во последно време повеќе работа имам пред монитор на пц, па осеќам ми се замараат очите, па да си најдам некое решение. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #94 на: 16 Февруари 2016, 15:53:00 pm »
Тој бизнис пропадна со југославија и ЦРТ мониторите.

Сега има софтверска заштита која се вика flux https://justgetflux.com/ и го имам ставено на сите машини на кои работам со благ сетинг. Исто така во сетинзите треба да се нагоди помал брајтнес на мониторот зависно од положбата, ако е темна просторијата - а често сите се темни да се намали да е поприродна светлината, а згора со флукс нема да имаш проблем. Освен со фокусот на очите а за тоа следи:

Понатаму може да се земат диоптерски наочари согласно објаснување на очниот лекар. На пример иако немаш диоптер можно е да ти препише + или - 0.25 со соодветна цилиндарска или асферична поддршка кои ќе ти служат само за одмарање на очите.

Инаку заштита не постои зошто сегашниве монитори не зрачат електрони како ЦРТ старите. Заштитата кај новиве е на горните два начина.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Очила за сонце - какви имате, или какви сакате да имате?
« Одговори #95 на: 16 Февруари 2016, 16:01:19 pm »
Значи помагаат ? Во последно време повеќе работа имам пред монитор на пц, па осеќам ми се замараат очите, па да си најдам некое решение. :)

Мене ми помагаат. Си знам по самиот себе и колку ме пржат очите и/или боли главата кога ќе забораам да ги земам.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Очила за сонце - какви имате, или какви сакате да имате?
« Одговори #96 на: 16 Февруари 2016, 16:34:26 pm »
Спенс, не се заебавај со стакла со филтри-милтри пред да отидеш на офталмолог да ти напраи една контрола. И смешно мал диоптер може да напраи огромна разлика - јас ги имав истите симптоми како тебе - навечер ми се замараа очите и ме болеше глава. Искочи дека ми треба многу мал диоптер (мислам дека првите наочари ми беа -0.25 со -0.5) ама разликата беше стварно огромна.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Очила за сонце - какви имате, или какви сакате да имате?
« Одговори #97 на: 16 Февруари 2016, 16:40:52 pm »
У принцип не е препорачливо да се препишуваат различни диоптри (освен ако нема голема разлика), туку да се оди на помалата („побезболната“) бројка.

Иначе апсолутно се согласувам дека треба прво на (барем еден) офталмолог да отидеш.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Очила за сонце - какви имате, или какви сакате да имате?
« Одговори #98 на: 16 Февруари 2016, 17:50:48 pm »
Ај тука ќе прашам. Има ли некој искуство со заштитни наочари (антирефлекс и заштитни слоеви) за работа на пц-монитор ? Не носам наочари со диоптер, значи ме интересираат овие со заштита што како.. ?? :)
Јас ги носам 4+ години. Стаклата како моите "Suprema"се 2500 денари (има и поевтини од 1700).
Немаат диоптер туку се водат како HMC заштитни и плус штитат од други зрачења кои ако пробам да ги напоменам, ќе ги згрешам. На сајтот нивни се препорачуваат и за возење во ноќни врнежливи услови, наводно да одбиваат светлина од асвалтот.

Значи ги зедов од кога почнаа да ме печат очите после цела недела работа во Петок, па понатаму се порано во текот на неделата.
Кога почнуваа да ме печат од Вторник, веќе решив нешто да превземам... И така ги носам пред компјутер, се преродив барем од таа гледна точка на замор и печење.

Мој совет е да си земеш пластична рамка, не железна како јас.
Тие двете силиконски на носот да не те дупет многу :D Ме советуваа во оптика но земав железни.

Не очекувај чуда, поради професијата очите се повеќе ќе ти страдаат.

На офталмолог пред се, задолжително!!!

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Очила за сонце - какви имате, или какви сакате да имате?
« Одговори #99 на: 16 Февруари 2016, 19:13:52 pm »
Фала ви дечки, тоа ме интересираше. Искуство и предлог. Ќе појдам на офталмолог прво, па ќе видиме што како. Тенкс. :)

Не очекувај чуда, поради професијата очите се повеќе ќе ти страдаат.

офтопик
Поготово во вакви периоди... ние уствари највеќе работиме - кога нема работа ! ;D :D

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Очила за сонце - какви имате, или какви сакате да имате?
« Одговори #100 на: 21 Февруари 2016, 21:59:50 pm »
Pred izvesno vreme kupiv bas takvi so zastitni premazi.Pred da gi zemam imav maka navecer od farovite i od kompjuterot.Navistina ima razlika i pomagaat.1800 bea samo staklata.


Отсутен Ezekiel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 400
Одг: Очила за сонце - какви имате, или какви сакате да имате?
« Одговори #101 на: 22 Февруари 2016, 15:40:26 pm »
A и да е плацебо и да не треба да праи всушност разлика во ништо освен CRT монитори, ако осеќаш дека ти е подобро на очите..

Тоа е најбитно, ваљда?
Cogito ergo zoom

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Глеам сега овие се шемата


Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834

Отсутен ScarfaceMkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Каде во Скопје можам да најдам Oakley?