Автор Тема: Проблем со системот за рециркулација на воздух во кабина - Opel Astra Classic II  (Прочитано 6467 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Здраво, дечки!

Вака - се работи за Opel Astra Classic II, со 1.4 Twinport Ecotec мотор, 2008-ма година, со ~38.000 километри и четири редовни сервиси веќе.

Проблемот е во едно мало (педерско) електро моторче, што ја крева и спушта клапната од системот за кружење на воздух во системот за вентилација. Односно, неговата функција е да го отвора делот кој дозволува да влезе свеж воздух од надвор, и да го затвора за да не влегуваат чад и непријатни мириси од надвор.

Слика немам во моментов, извадено е чудото, се изнамачив да го извадам, али е моментално во кола, ќе го земам и ќе го сликнам. Ова е нацрт како изгледа:



Се наоѓа над моторчето од парното.

Проблемот е што кога ќе го свртам клучот, веднаш штом возилото добива струја, тоа се активира, го слушам, и врти нон-стоп. Кога ќе го стиснам копчето за затворање на клапната (обележано на сликата подоле), само ја менува насоката на движење, односно пак врти нон-стоп, само во спротивен правец од првичниот.



Инаку, тоа си функционира, си ја брка работата - ја отвора и затвора клапната, само проблем е што зуи цело време. Работи цело време, и не само што вади досаден звук, туку и ми е страв да не ми заебе нешто друго во електорниката, или тоа да се заебе само. Побарав низ овластениве сервиси, имаат такво нешто, само цената му е ~9.500 денари.

По консултации со постручни лица од мене, и барање на половно моторче, само утврдив дека (најверојатно) не е проблемот во моторчето, туку во електрниката, некое реле, или микро-прекидач, кое му дава струја на моторчето. Исто така, (најверојатно), ова дијагностика не го открива, затоа што во сервисот каде што ја сервисирам колата, има компјутер за дијагностика, а не вади никаква грешка. Со стандардните, Astra G, ова срање не е исто - туку ова моторче е исто со подоцнежните, Astra H моделите.

На крај, не ми се фрлаат 10.000, а не сум сигурен дали е тоа проблемот. Ми создава проблем - стаклата ми маглат, кога врне или кога е влажно време. Пошто сега е извадено, барем не ми зуи, ама тоа не е решение.

Доколку има некој некој предлог, добредојден е. Особено, marsher ако има некој совет.

Имам и други проблеми со колата - при стартување, обично наутро, кога врне или кога претходно има врнато, каишот од алтернаторот вади некој чуден звук, како стругање. Кога ќе повозам 50-100 метри, се стишува. При тргнување, исто кога е повлажно - имам приметено, колата скока, како да сум возач-почетник, како да незнам да тргнам. Плус, пластиките во внатрешноста крцкаат ненормално. Пред некој ден ми светна сијаличката "Check Engine", па морав да одам на сервис да ја исклучат, иако немаше видливи проблеми со моторот. Наводно, по дијагностиката, проблемот бил во системот за довод на гориво, односно вода во филтерот и во горивото. Отстранет е дефектот, софтверски, и проблем нема појавено пак.

Како и да е, се извинувам на долгиот пост, но сакав да го илустрирам што подобро, за да добијам поконкретен одговор, ако е можно. Вториот дел беше мала исповед и издушување, во насока:

"Opel - никогаш повеќе во животот." Додека е во моја сопственост, автомобилот ќе си ја добива грижата која му е потребна, дури и повеќе, но.. Друг Opel во мојот живот, нема да има. Никогаш - освен ако не го даваат за 0 денари, буквално.

Се извинувам уште еднаш, и ви благодарам.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Ај разчитај се...

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2623.msg129218.html#msg129218

И не плукај кон Опел ;)

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
И кај мене така зуеше моторчето само од себе, ама така праеше пошто има пластични зупчаници со кои ја отвора и затвора клапната, и некако се запна и ги искрши па вртеше т.е само шлајфоваше по запчаниците. Е кај мене стариот мој го реши на многу софитициран начин.... зеде саух од стоедно со се сајла, и го поврза со клапната, тргаш саухот се отвора клапната, враќаш се затвора  ;D И то е скриено под воланот така да, не се гледа ништо, а дугмето сега си стој за украс. Е сега ти бирај или ваква бесплатна модификација, или плаќај за моторче и незнам шо.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Скршено е нешто кај запчаничињата, што треба да го запира клапничето. Вака од тепка.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Ај разчитај се...

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2623.msg129218.html#msg129218

И не плукај кон Опел ;)

Прочитано - ама незнам што би извлекол како решение од тука. Отворено е и моторчето, се е во ред со него - ниту има нешто скршено, ниту истругано.

Си работи тоа, се е во ред, ја отвора и затвора клапната. Проблемот е во струјата - добива струја цело време, дури и кога е исклучено, и врти во место. И кога е исклучено копчето, се слуша (или се гледа, од кога го извадив) дека работи. Кога ќе уклучам рециркулација, само ја менува насоката - врти нон-стоп во обратен правец.

Плус, системите не се исти кај Astra G, и кај Astra Classic II, проверено.

Како да не плукам, ова мене што ми се дешава со Opel, е жива глупост. Бетер се од Alfa Romeo..

И кај мене така зуеше моторчето само од себе, ама така праеше пошто има пластични зупчаници со кои ја отвора и затвора клапната, и некако се запна и ги искрши па вртеше т.е само шлајфоваше по запчаниците. Е кај мене стариот мој го реши на многу софитициран начин.... зеде саух од стоедно со се сајла, и го поврза со клапната, тргаш саухот се отвора клапната, враќаш се затвора  ;D И то е скриено под воланот така да, не се гледа ништо, а дугмето сега си стој за украс. Е сега ти бирај или ваква бесплатна модификација, или плаќај за моторче и незнам шо.

Не ми се прават вакви работи, искрено. Добив предлог, ново копче, со директна струја до моторчето. Но, ова се самоправски работи.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Само marsher му е мајката ... ;)
Ако од Опел не си задоволен, боље ич друга кола не купувај ...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Само marsher му е мајката ... ;)
Ако од Опел не си задоволен, боље ич друга кола не купувај ...

И мене така ми мириса... :D

Искрено, во моментов сметам дека се друго е подобро од Opel... До таа мера сум разочаран!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Те разбирам, не се нервирај - све се средува ! Ова од искуство ти кажувам ;)

marsheееr ... јави се на терен !!! :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Те разбирам, не се нервирај - све се средува ! Ова од искуство ти кажувам ;)

marsheееr ... јави се на терен !!! :)

Не се нервирам, нервозата помина. Сега е на ред смеење некој период, па плачење, најверојатно.. :D

Anyway, фала ти.

Еве како изгледа моторчето:






Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Има нешто ново, луѓе? Совет нешто? marsher?

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Разгледај низ интернет форуми специјализирани за Астри итн да видиш можеби лесно се решава проблемот?

Или евентуално побарај на ибеј вакво моторче сигурно ефтино ќе се најде?

Се согласувам со тебе, Опел не е ништо подобар од Пежо, Рено... Ефтина изведба, ефтино проектирање, ефтин квалитет... Затоа и ценовно се најефтини коли во Франција/Германија

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Разгледај низ интернет форуми специјализирани за Астри итн да видиш можеби лесно се решава проблемот?

Или евентуално побарај на ибеј вакво моторче сигурно ефтино ќе се најде?

Се согласувам со тебе, Опел не е ништо подобар од Пежо, Рено... Ефтина изведба, ефтино проектирање, ефтин квалитет... Затоа и ценовно се најефтини коли во Франција/Германија

Претресено е тоа се, не ми врши работа, од причина што Astra G и Astra Classic II не се склопувани на ист принцип, и со исти делови, барем во системот за парното. Се што најдов е за Astra G, а за Classic II нема ништо.

Катастрофа.

Фала ти, како и да е.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Стварно и јас разбрав по Гугл ама слабо да најдам информации за истиов проблем.

Бидејќи моторчето го имаш извадено надвор, ако најдеш добар електричар да го провери и да установи дека е во ред.

Наредно, ако успееш да најдеш шема (или специјалист за електроника на Опел) да покаже кое е рељето или прекидачот кој ја пушта струјата на моторчето да работи, моја претпоставка тоа е проблемот.

Ако ти скурчи од пролемов, остави го без моторче и само отвори ја клапната да имаш свеж воздух постојано.

Знаеш како викаат, лекот е пет пари ама да го најдеш... Мислам дека со ептен ефтино ќе пројдеш да го поправиш АКО некој успее да го лоцира рељето или проблемот ако е во нешто друго...

Можам да претпоставам колку те нервира ова.

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Diesel,  aко ти е некаква утеха не си сам во она што го рече - опел никогаш повеќе. Јас само ќе речам опел дизел никогаш повеќе. Но, за оваа наша одлука во голема мера сме малку и сами криви што не сме се обратиле во право време кај прав мајстор и кога купуваме половно возило тоа е "мачка во вреќа". Оди кај маршер и едноставно препушти му ја цела кола да ја провери и да ја среди,  Вервај, ова ти е најевтината опција. За делот што го бараш сврти еден број 075880939 Горан. Овој е од Прилеп и се занимава исклучиво со опел и скоро секогаш има растурени опели но претежно Астра Г или Вектра... Сепак јави се и прашај.
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Diesel,  aко ти е некаква утеха не си сам во она што го рече - опел никогаш повеќе. Јас само ќе речам опел дизел никогаш повеќе. Но, за оваа наша одлука во голема мера сме малку и сами криви што не сме се обратиле во право време кај прав мајстор и кога купуваме половно возило тоа е "мачка во вреќа". Оди кај маршер и едноставно препушти му ја цела кола да ја провери и да ја среди,  Вервај, ова ти е најевтината опција. За делот што го бараш сврти еден број 075880939 Горан. Овој е од Прилеп и се занимава исклучиво со опел и скоро секогаш има растурени опели но претежно Астра Г или Вектра... Сепак јави се и прашај.

Tuka treba da se bara problemot :). Kaj nas narodot koga ke kupi kola se ponasa kako da ja kupil od salon,ni ulje ne saka da smeni,i posle ova ne cinelo,ona ne cinelo.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson